ЗА СВЕДОКОТ НИКОЛА ГРУЕВСКИ СУДОТ И СПЕЦИЈАЛНОТО ОБВИНИТЕЛСТВО РАЗЛИЧНО ГО ЧИТААТ ЗАКОНОТ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ЗА СВЕДОКОТ НИКОЛА ГРУЕВСКИ СУДОТ И СПЕЦИЈАЛНОТО ОБВИНИТЕЛСТВО РАЗЛИЧНО ГО ЧИТААТ ЗАКОНОТ

    Основниот суд Скопје 1 попладнево реагираше на изјавата на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева дека е неоправдано тоа што судот не го повикал поранешниот премиер Никола Груевски како сведок на рочиште за случајот „Пуч“ поврзан со незаконското прислушување на илјадници граѓани. Судот смета дека сведокот не мора да се повика на прво рочиште, а СЈО се повикува на одредба од законот според кој сведокот мора да е присутен и судот мора да го обезбеди.

    Следното рочиште за „Пуч“ е закажано дури во ноември. Денешното беше откажано затоа што покрај сведокот Никола Груевски не се појавил и еден поротник.

    Од СЈО велат дека сведокот Никола Груевски Основниот суд Скопје 1 задолжително требало да го викне, а ако не се одзвал на поканата, присилно да го приведе и се повикува на членовите 348 и 368 од Законот за кривична постапка.
    За разлика од СЈО, Кривичниот суд тврди дека законот им дозволува на денешното рочиште да не се појави сведокот што го бара специјалниот обвинител.
    Во соопштението од Судот стои дека „конкретниот предмет се води според новиот Закон за кривичната постапка, а самата постапка налага на првата главна расправа да се дадат воведни зборови на странките, односно на обвинителот и на одбраната, а дополнително да се повикуваат сведоци и да се изведуваат докази, па токму затоа и на денешното судење, во согласност со ЗКП, не било предвидено повикување на сведоци, особено што Судот е тој што одлучува дали и кои сведоци ќе бидат повикани, а не обвинителот. Тоа не е случај само во конкретниот предмет, туку овој суд на идентичен начин постапува и во секо друго судење“, велат од Судот.
    СЈО пак се повикува на членот 348, токму од новиот ЗКП, кој го тврди спротивното, дека на почетокот на судењето треба да бидат викнати сите сведоци и не му дава избор на Судот некого да изостави:
    “На главна расправа ќе се повикаат обвинетиот и неговиот бранител, тужителот и оштетениот и нивните законски застапници и полномошници, како и толкувач. На главната расправа ќе се повикаат и сведоците, вештаците и техничките советници, кои се предложени од тужителот во обвинителниот акт, односно обвинетиот во приговорот против обвинителниот акт или во посебен поднесок од членот 326 на овој закон, освен оние што претседателот на советот ќе ги одбие, во смисла на членот 347 од овој закон.  Тужителот и обвинетиот можат на главната расправа да ги повторат предлозите што претседателот на советот не ги усвоил“.
    Катица Јанева го критикуваше судот дека намерно ја развлекува постапката за Пуч. “Реагирав и на тоа дека мојот сведок, господинот Никола Груевски не беше повикан на судењето, судот сметал дека не е потребно да е присутен. Неоправдано беше и тоа што судот не дозволи да влезат и новинарите на самото рочиште, бидејќи требаше да влезете и да слушнете што ќе кажам“, рече Јанева.
    Таа рече дека судењето мора да се одржи, бидејќи луѓето кои се опфатени имаат мерки за претпазливост со кои трпат ограничување на својата слобода.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира