ЗА ВЛАСТА НОВИОТ БУЏЕТ РАЗВОЕН, ЗА ОПОЗИЦИЈАТА МЕГАЛОМАНСКИ И ПОПУЛИСТИЧКИ

    ЗА ВЛАСТА НОВИОТ БУЏЕТ РАЗВОЕН, ЗА ОПОЗИЦИЈАТА МЕГАЛОМАНСКИ И ПОПУЛИСТИЧКИПратеничката на ВМРО-ДПМНЕ и претседател на собраниската Комисија за финансирање и буџет Лилјана Кузмановска го советуваше министерот за финансии Драган Тевдовски да ја преиспита економската политика која ја води. - Тевдовски на седницата на Комисијата за финансирање и буџет (Фото: К. Попов)

    Со новиот Предлог-буџет Владата продолжува посветено да работи на повисоки стапки на економскиот раст, повисоко ниво на социјална правда, владеење на правото, подобар животен стандард на населението и влезот во ЕУ и НАТО, рече министерот за финансии Драган Тевдовски.

    „Вкупните приходи за 2019 година се проектирани на 210,8 милијарди денари, а вкупните расходи на 228,5 милијарди денари. Растот на БДП е проектиран на 3,2 отсто, а стапката на инфлација на 2 отсто. Дефицитот е проектиран на 2,5 проценти или 17,7 милијарди денари што е за 500 милиони денари помалку во однос на годинава“, рече Тевдовски на денешната расправа за предлог-буџетот за 2019 година во собраниската Комисија за финансирање и буџет.

    Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Лилјана Кузмановска рече дека предлог-буџетот е мегаломански, најголем, и неразвоен и популистички.

    „Втора година по ред ја водите државата и секоја година ги влошувате економските услови. Ги имавте најкатастрофалните економски политики во време кога Европа имаше стапки на раст“, рече Кузмановска. Кузмановска на министерот Тевдовски го советуваше да ја преиспита економската политика која ја води.

    Народниот правобранителот Иџет Мемети рече дека со зголемениот буџет оваа институција наредната година ќе може подобро да ги извршува надлежности.

    Расправата во Комисијата ќе трае десет дена.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира