На денешната владина седница донесена е уште една мерка со која се ограничува движењето на граѓаните за време на викендите. Во сабота и недела се забранува движење на сите граѓани од 16 до 5 часот наутро.
„Со цел уште поголема заштита на населението од ширењето на коронавирусот, Владата денеска донесе одлука за дополнителна рестрикција на движењето на населението за време на викенд. Остануваат на сила и сите други претходно донесени забрани“, информираа од Владата.
Според претходните мерки на Владата секој работен ден е забрането движење на граѓаните од 21 до 5 часот наутро. Лицата над 67 години можат да се движат само од 5 до 11 часот, додека младите лица до 18 години од 12 до 21 часот.
А. АНТЕВСКА