ЗАДОВОЛНИ СМЕ ОД ИСКАЗОТ НА СТЕФАНОВА, ВЕЛИ ОДБРАНАТА НА ЈАНЕВА

    ЗАДОВОЛНИ СМЕ ОД ИСКАЗОТ НА СТЕФАНОВА, ВЕЛИ ОДБРАНАТА НА ЈАНЕВАОбвинетата Катица Јанева со адвокатите на претходно рочиште за „Рекет“ (Фото: К. Попов)

    Адвокатката на обвинетата Катица Јанева, Ирена Фрчкоска, кажа дека се задоволни од денешното сведочење на обвинителката Лиле Стефанова на судењето за „Рекет“. Според одбраната на Јанева, Стефанова потврдила дека Јанева нема направено ништо незаконски.

    „Ние сме задоволни од исказот на Лиле, која практично потврди дека Јанева воопшто не ѝ се мешала, ниту ѝ сугерирала, ниту барала да не се работи предметот ’Империја‘, ниту барала да не се преземаат дејствија против Камчев“, изјави адвокатката по судењето.

    Таа рече и дека од сведочењето на Стефанова можело да се изведе заклучок дека ниту едно дејствие на Јанева не било противзаконско, туку напротив, сè било во согласност со нејзините законски овластувања и законски можности.

    „Гледаме дека заедно со Камчев биле пуштени од притвор уште пет лица. Од исказот може да се види дека Јанева на ниту еден начин не е поврзана со она што ѝ се става на товар во оваа постапка и со оние дејствија поради кои се води овој предмет, а тоа е да даде позитивно мислење поради некои коруптивни дејствија“, кажа Фрчкоска.

    За испадот на Јанева на крајот од сведочењето, кога ја навредуваше Стефанова и беше отстранета од судницата, Фрчкоска рече дека Јанева е револтирана поради сето она што ѝ се случува, поради работи кои се извртуваат и дека нивни впечаток е дека се кажуваат работи само за да послужат за целите на истрагата.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира