ЗАЕВ ДО МОГЕРИНИ: СДСМ ЌЕ ПРЕДЛОЖИ ДА НЕ СЕ ПОВЛЕКУВААТ ЧЛЕНОВИТЕ НА ДИК

a:1:{s:9:"td_source";s:36:"Скопје/Брисел(МЕТА)

    ЗАЕВ ДО МОГЕРИНИ: СДСМ ЌЕ ПРЕДЛОЖИ ДА НЕ СЕ ПОВЛЕКУВААТ ЧЛЕНОВИТЕ НА ДИК

    На Македонија и се неопходни кредибилни избори со прочистен избирачки список, медиумски реформи и без притисоци, потенцирал лидерот на СДСМ, Зоран Заев во телефонскиот разговор што денеска го имал со високата претставничка за надворешни работи и безбедносна политика на Европска Унија, Федерика Могерини, соопшти партијата.

    Во разговорот, Заев го повторил ставот на СДСМ дека „рамката дефинирана со Договорот од Пржино е единственото реално решение на тешката криза со која е соочена земјава“.

    „Воедно, претседателот Заев ја информираше Могерини дека опозицијата досега не ги повлече своите членови на ДИК за да го обезбеди своето присуство и контрола на процесот и за да спречи можни манипулации и злоупотреби“, пишува во соопштението на СДСМ.

    За членовите на Државната изборна комисија од опозицијата ќе се дебатира на утрешниот состанок со коалициските партери. СДСМ ќе предложи тие да не се повлекуваат и да продолжат да учестуваат во работата на Комисијата „за да се спречат евентуални манипулации со избирачкиот список“.

    Шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини денеска ги повика политичките партии во Македонија да создадат услови за веродостојни избори.

    „По последните случувања во Македонија, посебно во однос на подготовката за предвремените парламентарни избори во јуни, денеска попладне разговарав со лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Во разговорот, кој следеше по неколкуте контакти со комесарот Јоханес Хан и делегацијата на ЕУ во Скопје, се согласивме дека е потребно сите политички партии да продолжат да работат заедно за да обезбедат веродостојни избори, што е во интерес на државата и на нејзините граѓани. – Спроведувањето на политичките договори, вклучувајќи ги и итните реформски приоритети се од огромно значење. Заедно со САД, ги поддржавме сите партии и засегнати страни во овие напори и ќе продолжиме да го правиме тоа и во следните, клучни недели. Ги повикуваме сите партии да останат целосно посветени на договорениот процес,“ – изјави Могерини.

    Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, повика на широк граѓански фронт за слободна Македонија, а против Никола Груевски. Тој повика во платформата за слободна Македонија да се приклучат коалициските партнери на СДСМ, политичките партии, невладините организации, здруженијата, синдикатите и други.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари