ЗАЕВ МУ ЈА ПОДАРИ ВРАТОВРСКАТА НА ЦИПРАС

    ЗАЕВ МУ ЈА ПОДАРИ ВРАТОВРСКАТА НА ЦИПРАСОткако министрите за надворешни работи Никола Димитров и Никос Коѕијас го потпишаа договорот при честитањето Заев ја извади црвената вратоврска и му ја подари на Ципрас. - (Фото: Г. Трпеноски)

    Премиерот Зоран Заев му ја подари вратоврската која ја носеше на потпишување на договорот на грчкиот премиер Алексис Ципрас.

     

    Откако министрите за надворешни работи Никола Димитров и Никос Коѕијас го потпишаа договорот при честитањето Заев ја извади црвената вратоврска и му ја подари на Ципрас. Грчкиот премиер никогаш не носи вратоврска, па и во Преспа беше беше облечен во кошула и костум, а подарокот од Заев го стави во џебот од костумот.

    Потоа премиерите Заев и Ципрас, министрите за надворешни работи Димитров и Коѕијас, медијаторот Метју Нимиц, високата претставничка за надворешни работи и безбедносна политика на Европската Унија Федерика Могерини и еврокомесарот Јоханес Хан, заеднички се фотографираа.

    Г. ТРПЕНОСКИ

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира