Британскиот министер за надворешни работи Борис Џонсон вели дека е фантастична вест што премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас постигнале договор за спорот за името. Според Џонсон двајцата премиери покажале лидерство и политичка храброст и ги повика сите лидери во двете земји да ги увидат бенефитите од решавањето на долготрајниот спор.
„Фантастична вест е што премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас постигнаа договор за спорот за името. За ова беше потребно лидерство и политичка храброст. Ги повикувам сите лидери во двете земји да ги признаат бенефитите што ќе ги донесе решавањето на овој долготраен спор“, твитна Џонсон.