ЗАГРИЖУВАЧКИ РАСТЕ БРОЈОТ НА ОСНОВЦИ ЗАРАЗЕНИ СО КОРОНАВИРУС, ОД УТРЕ СКРИНИНГ ВО УЧИЛИШТАТА

    ЗАГРИЖУВАЧКИ РАСТЕ БРОЈОТ НА ОСНОВЦИ ЗАРАЗЕНИ СО КОРОНАВИРУС, ОД УТРЕ СКРИНИНГ ВО УЧИЛИШТАТАВо средните училишта епидемиолошката состојба е стабилна, вели Комисијата за заразни болести. (Фото: СДК.МК)

    Загрижувачки се бројките што ги добивме за новозаразени со коронавирус во основните училишта и утре таму почнува скринингот на ученици за да се утврди реалната состојба, најавија од Комисијата за заразни болести на денешната прес-конференција. Скринингот на избраните ученици ќе се врши во училиштата, за да родителите не се изложуваат на дополнителни обврски да ги носат децата во Центрите за јавно здравје.

    „Од утре почнуваме со скрининг во основните училишта каде бројката на новозаразени е зголемна. Во средните училишта таква состојба нема, таму епидемиолошката состојба е стабилна. Но, загрижувачки се бројките што ги добивме од основните училишта и беа аларм да аплицираме скрининг кој ќе покаже каква е трансмисијата во основниоте училишта“, рече д-р Злате Мехмедовиќ, портпарол на Комисијата.

    Обезбедени се тимови на здравствени работници кои ќе го спроведат скринингот во училиштата согласно препорачната методологијата, по што ќе се изврши анализа на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) за да се обработат статистички и да се дознае реална слика како се пренесува вирусот во основните училиште.

    „Оние родители кои во текот на денешниот ден добиле изјава за согласаност дека се согласуваат децата да им бидат тестирани со брз тест, нивните деца ќе бидат тестирани во училиштата“, рече претседателот на Комисијата д-р Александар Петличковски.

    Комисијата за заразни болести уште пред два дена алармираше дека бројката на заразени меѓу школските деца расте и дека за една недела бројот е зголемен за 120.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира