ЗАВРШИ КОНСТИТУТИВНАТА КРВАВА СЕДНИЦА ПОЧНАТА НА 30 ДЕКЕМВРИ, ИЛИЈА ДИМОВСКИ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА КОМИСИЈАТА ЗА ИЗБОРИ И ИМЕНУВАЊА

    ЗАВРШИ КОНСТИТУТИВНАТА КРВАВА СЕДНИЦА ПОЧНАТА НА 30 ДЕКЕМВРИ, ИЛИЈА ДИМОВСКИ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА КОМИСИЈАТА ЗА ИЗБОРИ И ИМЕНУВАЊАДел од пленарната сала каде седат пратениците од опозицијата беше празен. (Фото: СДК.МК)

    Претседателот на Собранието Талат Џафери ја затвори расправата на конститутивната седница започната уште на 30 декември минатата година. Со 62 гласа „за“ избрана е Комисијата за избори и именувања чиј претседател е Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ, кој не беше во салата. Според формулата, ВМРО-ДПМНЕ во таа комисија има 6 члена, СДСМ петмина и по еден пратеник од ДУИ и БЕСА.

    Пред тоа Џафери ја затвори расправата за таа точка од дневниот ред бидејќи во салата немаше ниту еден пратеник. Даде пауза до 11 часот кога пратениците од парламентарното мнозинство дојдоа во салата и ја изгласаа Комисијата за избори и именување.

    Со ова заврши маратонската седница што почна на 3о декември која ќе остане запаметена по организираниот напад на Собранието и крвавите настани од 27 април.

    Во 12 часот продолжува седницата за избор на нова влада.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира