НЕМАЛО ПОЛИЦИСКАТА АКЦИЈА, ИМАЛО ПОВЕЌЕ ПОЛИЦИЈА ПОРАДИ МИГРАНТИТЕ

    НЕМАЛО ПОЛИЦИСКАТА АКЦИЈА, ИМАЛО ПОВЕЌЕ ПОЛИЦИЈА ПОРАДИ МИГРАНТИТЕ

    Скопје, 26 март, 2016 (META) -Припадниците на полициските сили синоќа немаа никаква акција во регионот на Липково и Арачиново, туку дејствуваа превентивно поради мигрантската криза и обидите за илегално минување на границата, соопшти денеска од пред полициската станица во Матејче министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

    – Синоќа немаше акција. Имавме зголемено присуство на овој терен во светло на кризата што ја имаме. Кумановско-скопскиот регион треба да биде под поголем надзор бидејќи овој регион е северен дел од границата и имаме често илегални преминувања – рече Спасовски.

    Министерот рече дека не треба да се создава фама и страв кај населението, бидејќи ситуацијата е под контрола.

    – Зголемено е присуството на терен зашто во овој период, тука и во регионот, ќе се соочиме со предизвици поради бегалската криза. Затоа, тука е зголемено полициското присуство. Не би сакал да се создава фама и страв кај населението затоа што нема потреба од тоа. Имаме соработка со населението во овој регион и сите треба да бидат спокојни бидејќи МВР ги презема сите потребни мерки – рече Спасовски, додавајќи дека денешната посета на Матејче има за цел да ги смири тензиите и да не се создава паника.

    Спасовски ги демантираше информациите кои се појавија во дел од медиумите дека зголеменото полициско присуство е поради наводен влез на вооружена група од Косово, блиска до обвинетите за настаните во кумановската населба Диво Насеље.

    – Шпекулации се дека влегла група. И претходно веќе кажав, станува збор за превентивно делување – рече министерот за внатрешни работи, додавајќи дека синоќа не се вршени никакви претреси.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира