ЖЕНА ОД КУМАНОВО НА 57 ГОДИНИ Е ПРВ СМРТЕН СЛУЧАЈ ОД КОРОНАВИРУС, А ИМАЛА ДВА НЕГАТИВНИ ТЕСТА, РЕЧЕ ФИЛИПЧЕ

    ЖЕНА ОД КУМАНОВО НА 57 ГОДИНИ Е ПРВ СМРТЕН СЛУЧАЈ ОД КОРОНАВИРУС, А ИМАЛА ДВА НЕГАТИВНИ ТЕСТА, РЕЧЕ ФИЛИПЧЕБрис и е земен синоќа после смртта и тестот бил позитивен. Брисот е земен заради наглото влошување на состојбата, рече министерот Филипче - (Фото: СДК.МК)

    Жена на 57 години од Куманово е прв смртен случај од коронавирус, кажа министерот за здравство Венко Филипче. Навремено ѝ биле земени брисеви, и резултатите два пати биле негативни. И покрај негативните резулатите, таа била третирана во изолација минатата недела во Куманово.

    Брис и е земен синоќа после смртта и тестот бил позитивен. Брисот е земен заради наглото влошување на состојбата, рече министерот. Според првичната епидемиолошка анкета, жената била на патување во Италија.

    Позитивен на коронавирус е и нејзиниот син. Тој се третира на Клиниката за инфективни болести во Скопје и е во стабилна состојба.

    Во изминатото деноноќие се регистрирани 29 нови случаи на коронавирус во земјата, и со ова бројката на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска до 12.00 часот, изнесува 114.  По градови, новорегистрираните пациенти се од Скопје (22), Штип (3), Дебар (2), Куманово (1) и Охрид (1).

    Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во: Скопје (65), Дебар (36), Штип (7), Кавадарци (2), Охрид (2), Гостивар (1), Куманово (1).

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира