ЗВРЛЕВСКИ Е РАЗРЕШЕН УШТЕ ОД ДЕНОТ КОГА БЕШЕ ФОРМИРАНО СЈО, СМЕТА БЕСА

    ЗВРЛЕВСКИ Е РАЗРЕШЕН УШТЕ ОД ДЕНОТ КОГА БЕШЕ ФОРМИРАНО СЈО, СМЕТА БЕСАПратеникот на Беса Фадил Зендели кажа дека неговата партија ќе гласа за разрешување на државниот обвинител Марко Зврлевски. (Фото: СДК.МК)

    Пратениците на Движењето Беса ќе гласаат за разрешување на републичкиот Јавен обвинител Марко Зврлевски.
    „Ќе гласаме за разрешување. Според нас, Марко Зврлевски е разрешен со формирањето на Специјалното јавно обвинителство и зад кое што застанаа сите политички партии. Со тоа, е констатирана одговорноста на Зврлевски“, рече Фадил Зендели од Беса на денешната прес-конференција во Собранието.

    Пратеникот на Беса Зендели како забелешка за владиното образложение за разрешувањето на Зврлевски, наведе дека покрај законските пропусти што ги направил обвинителот, ги спомнал само некои случаи, без да ги спомнат и случаите кои што ги интересираат Албанците.

    Пратениците се на пауза до 14 часот, а пратениците на мнозинството се на координација дали ќе ги повлечат дискусиите за разрешувањето на Зврлевски.

    Г. ТРПЕНОСКИ

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира