200 ГОСТИ НА СВАДБАТА КАЈ ПОЧИНАТИОТ БАЈРАМ ТРЕБА ДА ГО ПРАШААТ СЕМЕЈСТВОТО ДАЛИ ПОСМРТНО МУ Е НАПРАВЕН КОВИД ТЕСТ

    200 ГОСТИ НА СВАДБАТА КАЈ ПОЧИНАТИОТ БАЈРАМ ТРЕБА ДА ГО ПРАШААТ СЕМЕЈСТВОТО ДАЛИ ПОСМРТНО МУ Е НАПРАВЕН КОВИД ТЕСТМинистерството за здравство нема да објави дали на Амди Бајрам посмртно му е направен ковид тест со оглед дека на 17 октомври во Истанбул правеше свадба за внука си со над 200 гости од Македонија. (Фото: СДК.МК)

    Министерството за здравство нема да објави дали на починатиот поранешен пратеник Амди Бајрам му е направен посмртен ковид тест и упати таа информација да се бара од неговото семејство. САКАМДАКАЖАМ.МК го праша Министерството за здравство дали на Бајрам посмртно му е направен ковид тест со оглед дека на 17 октомври во Истанбул правеше свадба за внука си со над 200 гости од Македонија.

    „Пациентот има право на доверливост на личните и медицинските податоци, кои се чуваат во тајност и после неговата смрт, во согласност со прописите за заштита на личните податоци. Во однос на одговор за ова прашање, ве молиме обратете се до фамилијата на поранешниот пратеник Амди Бајрам“, одговори Министерството за здравство.

    Лидерот на Сојузот  на Ромите Бајрам, кој почина денеска претпладне на 64 години, страдал од проблеми со срцето и дијабетес, поради што лани му беше ампутирана едната нога. Тој веќе починат бил донесен во една приватна болница во Скопје.

    „Тој имаше комплексна здравствена состојба, со хронични болести. Предмалу дознав и навистина немам информација дали е земен ковид тест“, одговори министерот за здравство Венко Филипче на прашањето дали на Бајрам посмртно му е направен ковид тест, кусо по веста за смртта попладнево на прес-конференцијата во Струмица.

    Пред две недели, Бајрам изјави дека поради мерките на Владата и зголемениот број нови случаи, решиле да ја откажат свадбата. Но, минатата недела кажа дека решил свадбената прослава да ја организира во Турција каде нема забрана за свадби, како што поради коронавирусот е забрането во земјава. За македонски државјани влезот во Турција е дозволен без ПЦР ковид тест.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира