ДА СЕ ОДЛОЖАТ ЕКСКУРЗИИТЕ ВО ИТАЛИЈА И ДА НЕ СЕ ПАТУВА ВО ЗЕМЈИТЕ СО ПОВЕЌЕ СЛУЧАИ НА КОРОНАВИРУС, ОДЛУЧИ ВЛАДАТА

    ДА СЕ ОДЛОЖАТ ЕКСКУРЗИИТЕ ВО ИТАЛИЈА И ДА НЕ СЕ ПАТУВА ВО ЗЕМЈИТЕ СО ПОВЕЌЕ СЛУЧАИ НА КОРОНАВИРУС, ОДЛУЧИ ВЛАДАТАМинистерството за здравство исто така треба итно да набави соодветна количина сапун и дезинфекциски средства за училиштата, детските градинки и јавните тоалети; - Кафулињата и јавните простори во Милано се празни поради коронавирусот. (Фото: АП)

    Владата им наложи на сите основни и средни училишта, како и сите универзитети да ги одложат сите предвидени патувања и екскурзии во Италија, врз основа на препораките на Кризниот штаб за справување со коронавирусот на Министерството за здравство, и на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи. Владата им препорачува на граѓаните да не патуваат во Италија и во другите земји каде што е регистрирано поголемо присуство на корона вирусот.

    По 11-та седница на Владата, донесена е одлука Министерството за здравство итно да набави соодветна количина на заштитни средства (маски, ракавици, дезинфекциски средства и заштитна облека) за институциите од системот за Интегрирано гранично управување и за другите институции со цел заштита на персоналот.

    Министерството за здравство исто така треба итно да набави соодветна количина сапун и дезинфекциски средства за училиштата, детските градинки и јавните тоалети. Меѓу заклучоците од 11-тата седница на Владата е и препораката до установите за згрижување на деца од предучилишна возраст да преземат мерки за соодветен третман за дезинфекција на обувките при влегување во градинките.

    Во заклучоците стои  училиштата и универзитетите да организираат едукативни часови за превенција од коронавирусот, во соработка со локалната самоуправа и центрите за јавно здравје.

    Со одлука на Владата, ограничено е влегувањето во земјата од кризните подрачја од Северна Италија само преку аеродромите во Скопје и Охрид и граничните премини Ќафасан, Табановце, Блаце, Богородица и Деве Баир.

    Според последните информации од Министерството, на Инфективната клиника во Скопје се испитува еден пацинет за коронавирус кој доаѓа од Дубаи, а негативен е тестот за коронавирус на италијанскиот државјанин кој синоќа се пожалил на стомачни тегоби.

    Б. НЕСТОРОСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира