ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА КАРПОШ ЛУКРОВСКИ СЕ ВРАТИ НА РАБОТА ПО ДВА МЕСЕЦА БОЛЕДУВАЊЕ

    ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА КАРПОШ ЛУКРОВСКИ СЕ ВРАТИ НА РАБОТА ПО ДВА МЕСЕЦА БОЛЕДУВАЊЕЛукровски е вратен на работа и продолжува да ја извршува градоначалничката функција, ни потврди заменик-градоначалникот Неделчо Крстевски. (Фото: СДК.МК)

    Градоначалникот на Општина Карпош Сотир Лукровски денеска се врати на работното место после два месеца боледување и продолжува да ја извршува градоначалничката функција, потврди за САКАМДАКАЖАМ.МК заменик-градоначалникот Неделчо Крстевски. Лукровски е од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

    Лукровски беше на боледување од 7 мај, а го заменуваше заменик-градоначалникот Неделчо Крстевски, кој е член на Советот на Општина Карпош од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Крстевски се појавуваше на сите настани поврзани со работата на Општината, а одржуваше и прес-конференции.

    Откако Лукровски замина на боледување, ексградоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски  тврдеше дека тој не е болен туку не сака да ја врши функција, сакал да си поднесе оставка, но од ВМРО-ДПМНЕ не му дозволувале. На 26 мај, тој на прес-конференција изјави дека Лукровски боледува од неработење и неодговорност и оти се шета низ трговскиот центар „Сити мол“ додека му трае боледувањето.

    Премиерот Христијан Мицкоски на 6 јуни изјави дека здравствената состојба на Лукровски, бара мирување.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира