ЗАДРЖАН В ПОЛИЦИЈА МАЖОТ ЧИЈА СОПРУГА СО МАЛАТА ЌЕРКА ПОЧИНАА ПО ПАД ОД БАЛКОН ВО ВИСОКОКАТНИЦА, СТАНОТ Е ЗАПЕЧАТЕН И СЕ ВРШИ ПРЕТРЕС

    ЗАДРЖАН В ПОЛИЦИЈА МАЖОТ ЧИЈА СОПРУГА СО МАЛАТА ЌЕРКА ПОЧИНАА ПО ПАД ОД БАЛКОН ВО ВИСОКОКАТНИЦА, СТАНОТ Е ЗАПЕЧАТЕН И СЕ ВРШИ ПРЕТРЕСПред да се случи трагедијата жената била сама со девојчето, мажот не бил во станот, вели Обвинителството

    Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје ги издава сите потребни наредби и насоки за целосно расчистување на вчерашниот случај воскопската населба Карпош, кога при пад од висококатница починаа мајка и дете. Сопругот на жената и татко на малото девојче е задржан во полициска станица и по наредба на јавниот обвинител се преземаат дејствија за испитување на евентуална кривична одговорност, соопшти Обвинителството.

    „Обезбедена е наредба од судија на претходна постапка и во текот на денот ќе се врши детален претрес на станот, кој веднаш по увидот е запечатен и обезбеден. Според првичните сознанија, во моментот на настанот, починатата и малолетното девојче биле сами во станот, заклучени од внатрешната страна”, кажа Обвинителството.

    Денеска по наредба на јавниот обвинител се вршат распити на повеќе лица кои имаат некакви сознанија, се вадат податоци од мобилни телефони и се обезбедуваат снимки од видеонадзор и други снимки од неколку локации.

    Двете тела од вчера се на обдукција.

    Јавниот обвинител побарал детално известување од Министерството за внатрешни работи (МВР) и од Центарот за социјални работи со сите евентуални претходни пријави и поплаки од оштетената, а ќе нареди и внатрешната контрола на МВР да го испита постапувањето по тие пријави, вели Обвинителството.

    МВР вчера соопшти дека околу 14:15 часот во СВР Скопје е пријавено оти на подрачјето на Карпош од балкон од зграда се фрлиле женско лице и малолетно дете кои починале, без детали за возраста на жената и детето.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Можеби ќе ве интересира и ова:

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира