ДЕТЕ БЕГАЛЕЦ БЕЗ РОДИТЕЛИ ЧЕТИРИ ДЕНА СЕДЕЛО САМО ВО ТАБАНОВЦЕ

a:2:{s:16:"td_post_template";s:23:"single_template_british";s:9:"td_source";s:62:"Скопје,Куманово(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ДЕТЕ БЕГАЛЕЦ БЕЗ РОДИТЕЛИ ЧЕТИРИ ДЕНА СЕДЕЛО САМО ВО ТАБАНОВЦЕ

    Првата детска амбасада во светот Меѓаши алармира дека во Транзитниот центар Табановце престојуваат деца кои се илегално влезени државата, немаат придружба и илегално престојуваат кај нас пред очи на полицијата и надлежните служби. При редовните посети што ги прават на Транзитниот центар Табановце, Меѓаши констатирале дека во континуитет имало најмалку по едно дете без придружба и со илегален статус. Последниот таков случај бил неделава кога затекнале дете влезено во Транзитниот центар, но неевидентирано од полицијата и без старател. Откако реагирал Народниот правобранител,  случајот почнал да се решава и на дететето во четвртокот му бил одреден старател.

    „Во четвртокот по дојава од страна на УНИЦЕФ за непостапување од страна на надлежните органи согласно Стандардните оперативни процедури  во кампот во Табановце, претставници на Народниот правобранител извршија увид и средба со одговорните лица во кампот. Од разговорот со одговорниот во кампот од Центарот за управување на кризи беа известени дека пред 4 дена во кампот било идентификувано непридружувано малолетно лице и за тоа биле известени претставници на Министерството за внатрешни работи и претставници на Министерството за труд и социјална политика, но ниту од двете надлежни органи не биле преземени мерки согласно Стандардните опреативни процедури“, велат од Канцеларијата на Народниот правобранител.

    Од таму информираат дека во разговор со претставниците на Министерството за труд и социјална политика беше потврден наводот дека пред 4 дена биле информирани дека во кампот има непридружувано малолетно лице, но поради непостоење на соодветни стручни кадри (социјални работници и преведувачи) не биле во можност да преземат мерки за заштита и остварување на неговите права, согласно Стандардните оперативни процедури (СОП). „Народниот правобранител упати јасна и остра препорака за преземање на мерки за заштита на правата на непридружуваното малолетно лицеи по извесен временски период, беше известен дека малолетното дете е пронајдено и идентификувано, како и дека кон него ќе бидат преземени соодветни мерки, како определување на старател и слично“, информираат од Канцеларијата на Народниот правобранител.

    САКАМДАКАЖАМ.МК побара обајснување од Министерството за внатрешни работи за тоа како се случило во Транзитниот центар да престојува дете неевидентирано и без старател, но одговор не добивме.

    Од Првата детска амбасада укажуваат дека системот на детска заштита е несоодветен за децата мигранти/бегалци кои престојуваат без статус и придружба.

    „Како може овие деца да престојуваат во Транзитниот центар Табановце ако се илегално влезени во државата и се без родителска и старателска придружба? Која е функцијата на овој Транзитен центар? Децата бегалци да транзитираат или да престојуваат?! Откако границите се затворија, во континуитет постои овој проблем. Некогаш станува збор за едно дете, некогаш за повеќе. Но, секогаш во кампот престојува барем едно дете кое не е евидентирано и не е регистрирано, а вклучително е и без родителска грижа. Зошто државата не им го дефинира статусот на овие деца дали се бегалци или баратели на азил? Децата заслужуваат да им се регулира статусот, да им се најдат родителите и да се спојат со семејствата“, велат од Меѓаши.

    Од Амбасадата потсетуваат дека децата бегалци без придружба се лесен плен на криминални банди, изложени се на сериозен ризик од експлоатација, трговија со луѓе, злоупотреба на детски труд… За таквите криминални банди децата бегалци без придружба вредат милиони евра и чекаат момент како да стигнат до нив. Тие оперираат до транзитните центри и секаде каде има можност децата бегалци да се движат.

    „Покрај се, жалосно е што илјадници деца бегалци без придружба транзитираа преку Република Македонија а не се преземаат посебни мерки за нивна заштита. Република Македонија мора да гарантира дека ќе го почитува најдобриот интерес на децата и на децата бегалци ќе им овозможи посебна заштита и грижа. Се повикуваме на Член 2 од Конвенцијата за правата на детето и бараме од државата да се грижи за потребите на децата бегалци “, апелираат од Меѓаши.

     

     

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари