КАБЕЛСКИ ОПЕРАТОР ЌЕ ТУЖИ ЗА НЕПЛАТЕНИ СМЕТКИ ЛИЦЕ СО НАРУШЕН ПСИХОФИЗИЧКИ РАЗВОЈ

a:2:{s:11:"td_subtitle";s:758:"Кабелскиотоператорсклучилдоговорсочовеккојесоцеребралнапарализа,нефункционалналевастрана,епилепсија,намаленвид,пречкивоговоротидолнаграницанадебилитасментисиповеќеодеднагодинаодбивадагораскине,ананеговиотстарателмусезаканувасотужбааконегиплаќамесечнитесметки.Народниотправобранителзаоваотворилислучај,нонемаодговородАгенцијатазаелектронскикомуникации";s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

КАБЕЛСКИ ОПЕРАТОР ЌЕ ТУЖИ ЗА НЕПЛАТЕНИ СМЕТКИ ЛИЦЕ СО НАРУШЕН ПСИХОФИЗИЧКИ РАЗВОЈ

 

Кабелски оператор му пополнил формулар и заверил двегодишен договор за услуги со 27-годишен клиент без деловна способност. Неговата деловна неспособност била видлива, тој е со церебрална парализа, нефункционална лева страна, епилепсија, намален вид, пречки во говорот и долна граница на дебилитас ментис, како што се наведува во специјалистичкиот наод. И покрај тоа што операторот склучил договор со овој корисник, тој повеќе од една година одбива да го раскине и на неговиот старател, родителот, му се заканувал со тужба ако не ги плаќа месечните сметки.

На таткото на болниот човек, кого институциите го одредиле да го застапува, да му пружа помош и да го негува, кабелскиот оператор му кажал дека ако сака да го раскине договорот еднострано, ќе треба да плати високи пенали. Очаен, таткото на деловно неспособното полнолетно лице, се обратил до Народниот правобранител Иџет Мемети.

За овој случај тој поднел претставка до институцијата. Народниот правобранител по поднесената претставка на родителот, повел постапка. На 10 октомври, се обратил писмено до Агенцијата за електронски комуникации, која е надлежна за кабелските оператори, со кои побарал дејства за увид и контрола дали кабелскиот оператор законски постапил во склучувањето договор со ова лице. Бидејќи Агенцијата скоро еден месец не испратила повратен одговор, Народниот правобранител на почетокот на овој месец испратил ургенција за одговор, но Агенцијата до денеска ништо не му одговорила.

„Потписникот на договорот не може ни да чита, ни да пишува и тешко зборува. Тој има повеќе дијагнози за болестите кои ги има и тие се видливи. Задолжително, покрај нега, во неговиот случај е пропишано и застапување од родител. Вработените во кабелскиот оператор го игнорирале ова, му зеле податоци кога дошол кај нив и му го пополниле договорот. На крајот со различен ракопис се ставени неговите иницијали место потпис. Таткото пред да дојде кај нас неколку пати молел кај операторот да го раскине договорот. Таму тврдел дека син му без него се движел, се шетал најверојатно, влегол во канцеларијата на операторот и сам го склучил договорот. На шалтер му било кажано дека не може да го раскине договорот, односно може, ако плати пенали. Му се заканиле дека ако не плати, ќе го тужат неговото дете. На крајот, поднесе претставка кај нас“, вели Зоран Билбилоски, државен советник кај Народниот правобранител.

“Каде е општествената одговорност на приватните компании? Операторот не требало да си дозволи да искористи лице со таква здравствена состојба, за која не морало да ги има во рака овие лекарски наоди што ги приложи родителот до Народниот правобранител, бидејќи лошата здравствена состојба е видлива кај овој млад човек“, вели Зоран Билбилоски, државен советник кај Народниот правобранител (Фото: СДК.МК)

“Каде е општествената одговорност на приватните компании? Операторот не требало да си дозволи да искористи лице со таква здравствена состојба, за која не морало да ги има во рака овие лекарски наоди што ги приложи родителот до Народниот правобранител, бидејќи лошата здравствена состојба е видлива кај овој млад човек“, вели Зоран Билбилоски, државен советник кај Народниот правобранител (Фото: СДК.МК)

Родителот сака да остане анонимен. Тој по телефон му кажа на Билбилоски:

“Социјален случај сум. Немаме леб да јадеме. Сега детево го носам на лекар, кажете и на новинарката дека не сакаме да го откриеме идентитетот“. Таткото на болното дете е исплашен од тужби за долгови.

“Каде е општествената одговорност на приватните компании? Операторот не требало да си дозволи да искористи лице со таква здравствена состојба, за која не морало да ги има во рака овие лекарски наоди што ги приложи родителот до Народниот правобранител, бидејќи лошата здравствена состојба е видлива кај овој млад човек“, вели Билбилоски.

По поднесувањето на претставката од родителот, претставник од Народниот правобранител првин отишол на разговор во Агенцијата за телекомуникации за да ја запознае со случајот, а потоа бил испратен и дописот. Бидејќи станува збор за приватна компанија, а во принцип Народниот правобранител дејствува преку државните институции, затоа тој не се обраќа директно кај кабелскиот оператор, туку преку Агенцијата за телекомуникации од која бара да го испита случајот и да му ја предочи тешката лекарска дијагноза за: церебрална парализа, нефункционална лева страна, епилепсија, намален вид, страбизам, пречки во говорот, попреченост во психичкиот развој на лицето без деловна способност со кое склучил договор за услуги, без присуство на неговиот старател.

Симнете ја мобилната апликација

©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира