КАПИ НА ТРАМП И ЗА МАКЕДОНИЈА, ФЕЈСБУК НЕГИРА ДЕКА ВЛИЈАЕЛ НА ИЗБОРИТЕ СО ЛАЖНИ ВЕСТИ

a:1:{s:9:"td_source";s:50:"ЛоасАнџелес,(разниизвори)

    КАПИ НА ТРАМП И ЗА МАКЕДОНИЈА, ФЕЈСБУК НЕГИРА ДЕКА ВЛИЈАЕЛ НА ИЗБОРИТЕ СО ЛАЖНИ ВЕСТИ

    Капи со слоганот „Да ја направиме Македонија повторно голема“ се продаваат во САД по победата на Доналд Трамп на претседателските избори, во која голема влијание имаше и Фејсбук. Основачот и извршен директор на најголемата социјална мрежа Марк Закерберг ја нарече лудост идејата дека Фејсбук влијаел на резултатот од американските претседателски избори со лажни вести, од кои голем дел доаѓаа од про-Трамп сајтови од Македонија.

    donald-tramp-kapa-93498043

    На официјалниот сајт на кампањата на Трамп се продаваат капчиња со слоганот на победникот на републиканскиот кандидат „Да ја направиме Америка голема повторно“.

    „Лично мислам дека лажните вести на Фејсбук, кои се многу мал дел од содржината, не влијаеле на изборите на каков било начин. Мислам дека тоа е доста луда идеја“, кажа Закерберг по изборите.

    Сепак, мнозинство од Американците (6 од 10) велат дека добиваат барем дел од информациите од социјалните мрежи, пред се, од Фејсбук, според „Пју истражувачкиот центар“. Иако многу од овие вести доаѓаат од реномирани медиумски куќи, дезинформациите се шират на Фејсбук исто како и точните информации, споделувани од корисниците, препорачани од алгоритми.

    Неодамнешен извештај на „Базфид“ илустрираше како функционира алгоритмот на Фејсбук. Според „Базфид“, група млади Македонци од Велес создале повеќе 140 про-Трамп сајтови.

    НАД 100 САЈТОВИ ОД МАКЕДОНИЈА ОБЈАВУВААТ ЛАЖНИ ПРИКАЗНИ ВО КОРИСТ НА ТРАМП И ПРАВАТ ПАРИ ОД ТОА

    „Најголем дел од вестите на овие сајтови се преземени или целосно плагијаризирани од маргинални десничарски сајтови од САД. Македонците ќе видат приказна на друго место, ставаат сензационалистички наслов и брзо ја објавуваат на нивните сајтови“, објави „Базфид“.

    Неколку тинејџери и млади луѓе кои ги работат овие сајтови за „Базфид“ велат дека најлесен начин да привлечат интернет сообраќај е да направат нивните политички приказни да се шират на Фејсбук.

    Неодамнешно истражување покажа дека група млади Македонци од Велес отвориле повеќе 140 про-Трамп сајтови. (Фото: илустрација)

    Неодамнешно истражување покажа дека група млади Македонци од Велес отвориле повеќе 140 про-Трамп сајтови.

    „Најдобар начин да се генерираат споделувања на Фејсбук е да се објавуваат сензационалистички и често неточни содржини кои им се допаѓаат на поддржувачите на Трамп. Да, информациите се лоши, лажни и наведуваат погрешно, но логиката е дека ако нешто ќе ги натера луѓето да кликнат, треба да се искористи“, искоментира за „Базфид“ еден од велешките тинејџери.

    На пример, веста „АГЕНТОТ НА ФБИ ОСОМНИЧЕН ВО ИСТЕЧЕНИТЕ МЕЈЛОВИ НА ХИЛАРИ ПРОНАЈДЕН МРТОВ ВО ВО ОЧИГЛЕДНО УБИСТВО-САМОУБИСТВО“ е со измислен наслов од сајтот за лажни вести „Денвер Гардијан“, но беше споделен илјадници пати во деновите пред изборите. Можно ли е гласачите да бидат убедени да гласаат за или против кандидат, слично како што истите луѓе може да купат производ откако ќе видат реклама на ФБ?

    Закерберг вели дека гласачите заслужуваат повеќе верба.

    mark-zakerberg-fejsbuk-234989823

    Основачот на Фејсбук Марк Закерберг вели дека лажните вести се многу мал дел од содржината на неговата социјална мрежа и не можат да влијаат на резултатите од изборите.

    За време на интервјуто со авторот на „Ефектот Фејсбук“ Дејвид Киркпатрик, Закерберг кажа дека идејата дека луѓето гласале така како што гласале поради лажни информации на Фејсбук покажува длабоко непознавање на поддржувачите на Доналд Трамп.

    „Гласачите донесуваат одлуки врз основа на нивното животно искуство“, вели Закерберг.

    Македонските тинејџери очигледно се екстремни случаи и секоја платформа голема како Фејсбук ќе привлекува опортунисти кои ќе се обидат да го измамат системот. Она што е навистина лошо во врска со тоа е што стимулира и поугледни медиумиски организации да го прават истото. Нормално е новинарите да сакаат да го зголемат интернет сообраќајот до нивните написи и брзо ги учат истите лекции како македонските тинејџери дека сензационализмот привлекува кликови, а балансираноста и точноста не привлекуваат.

    Секако, етаблираните медиумски организации се обидуваат да задржат минимум стандарди за да избегнат штета на нивната репутација, но огромната побарувачка за т.н. „мамки за кликови“ е искушение за онлајн новинарството. Дури и новинарите од најголем дел од медиумските организации да одолеат на искушението, секогаш ќе има маргинални блогови и македонски тинејџери што ќе ја занимаваат публиката без да се грижат за точноста на вестите.

    Кога станува збор за корисниците на Фејсбук, Закерберг вели дека речиси сите имаат пријатели од другата политичка страна.

    „Дури и ако 90 отсто од вашите пријатели се Демократи, на пример, 10 отсто ќе бидат Републиканци. Сепак, тоа не е многу голем број и идејата дека социјалните мрежи им овозможуваат на луѓето да се опкружуваат само со луѓе и идеи со кои се сложуваат беше жешка тема за време на изборите. Не знам што можеме да направиме во врска со тоа“, вели Закерберг.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари