МИНИСТЕРОТ ТОДОРОВ ТРИ ГОДИНИ ПРЕБРОЈУВА КОЛКУ ЛЕКАРИ ФАЛАТ ВО ЗАТВОРИТЕ

МИНИСТЕРОТ ТОДОРОВ ТРИ ГОДИНИ ПРЕБРОЈУВА КОЛКУ ЛЕКАРИ ФАЛАТ ВО ЗАТВОРИТЕ

Министерството за здравство три години го одолговлекува спроведувањето на Законот за извршување санкции, чии измени донесени во 2013 требало да се применат 30 дена по донесувањето. Според Законот, здравствената заштита во затворите треба да мине под надлежност на Министерството за здравство, поточно во јавното здравство кое треба да обезбеди примарно ниво на здравствена заштита.

По смртта на двајца затвореници за една недела, Народниот правобранител Иџет Мемети одново укажа дека трета година по ред не се применуваат новите законски прописи, и дека тоа се плаќа со човечки животи.

Министерството за здравство вели дека процедурата за преземање на затворските амбуланти е во тек и дека очекуваат да биде завршена најдоцна до почетокот на следната година.

„Анализа за пресоналот е направена, но со новите одобрени систематизации, во моментов констатираме каде има дефицит и се прават соодветни напори тој да се пополни“, велат од Министерството за здравство - министерот Никола Тодоров (Фото: СДК.МК)

„Анализа за пресоналот е направена, но со новите одобрени систематизации, во моментов констатираме каде има дефицит и се прават соодветни напори тој да се пополни“, велат од Министерството за здравство – министерот Никола Тодоров (Фото: СДК.МК)

 

idzet-memeti-67

По смртта на двајца затвореници за една недела, Народниот правобранител Иџет Мемети одново укажа дека трета година по ред не се применуваат новите законски прописи, и дека тоа се плаќа со човечки животи – Иџет Мемети

 

 

 

 

 

 

 

“Во сегментот на пренесување надлежности на јавните здравствени установи, станува збор за организациско прашање за кое е во тек целата постапка. За да биде комплетирана целата постапка, претходно беше потребно да се променат сите статути на здравствени домови на чија територија има казнено-поправни домови. Станува збор за комплексна постапка која ја разгледува и дава согласност нашето Министерство, врз основа на која се подготвува нова систематизација, со согласност од Министерството за информатичко општество“, велат од Министерството за здравство.

Од Министерството за здравство велат и дека направиле анализа за бројот на медицински персонал во казнено-поправните установи, но не одговорија колку лекари и медицински сестри во моментов работат во затворите, и дали тој број е доволен.

“Анализа за пресоналот е направена, но со новите одобрени систематизации, во моментов констатираме каде има дефицит и се прават соодветни напори тој да се пополни“, велат од Министерството за здравство.

Здравствените власти тврдат дека во затворите постојано се обезбедува здравствена заштита за осудениците и дека ординациите имаат содветна опрема за примарна здравствена заштита.

“Ако има потреба за обновување на постојната опрема, ќе направиме оценка за потребите. Согласно Законот за заразни болести, задолжително се пријавуваат случаите на заразни болести во затворите преку центрите за јавно здравје. Имаме подготвено и посебни водичи за најголем дел од заразните инфективни болести, како треба да се  превенира и третира секоја од нив“, велат од Министерството за здравство.

Од Министерството за правда, од Фондот за здравствено осигурување и од Управата за извршување санкции не добивме официјален одговор зошто доцни примената на законите.

Нефицијално од Министерството за правда велат дека целиот процес е закочен во Министерството за здравство, а од ФЗОМ неофицијално велат дека тие делегирале член во заедничката комисија, но не можат да кажат зошто таа сѐ уште не почнала со работа.

http://sdk.mk//index.php/neraskazhani-prikazni/vo-zatvorite-se-umira-oti-vlasta-tri-godini-ja-kochi-reformata/

ЗАТВОРЕНИЦИТЕ ТРЕБА ДА ДОБИВААТ ЗДРАВСТВЕНА ГРИЖА КАКО ВО СЛОБОДНОТО ОПШТЕСТВО

 (Фото: Ѓ. Личовски)

Нефицијално од Министерството за правда велат дека целиот процес е закочен во Министерството за здравство – детал од затворот Идризово (Фото: Ѓ. Личовски)

Во Национална стратегија на пенитенцијарниот систем 2015-2019 година, објавена на веб страната на Министерството за правда, се вели:

“За да се надмине проблемот на здравствената заштита на осудените и притворените лица, како што е недостатокот на медицински персонал со кој се соочуваше затворскиот систем, донесено е ново законско решение со кое здравствената грижа во казнено и воспитно поправните домови ја преземаат јавните здравствени установи, кои што вршат примарна здравствена заштита во подрачјето на установата со истовремено  преземање на просторот, опремата и средствата за работа. Ова законско решение е во согласност со препораките на Европските затворски правила, кои укажуваат на тоа дека здравствената политика во затворите треба да биде составен дел и во согласност на националната здравствена политика“.

Во Стратегијата точно се опишани чекорите како треба да се одвива преземањето на затворските амбуланти во јавното здравство, односно прво треба да се формира Меѓуресорска комисија составена од претставници од Управата за извршување на санкциите и Министерството за здравство, а потоа да се воведат минимум стандарди за обезбедување здравствена заштита за осудените лица слична на здравствената заштита во слободното општество.

Според стратегијата, за да има одржлив систем на здравствена заштита потребни се законски измени со кои ќе се регулира здравственото осигурување за осудените лица, како и да се обезбеден сеопфатен медицински и психосоцијален третман на корисниците на дроги во затворот во Идризово.

©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

Коментари