ЖИРАФИТЕ И ЈАГОДИТЕ НАЈИНТЕРЕСНИ ЗА ФОТОГРАФИРАЊЕ НА ДЕЦАТА СО АУТИЗАМ, ОТВОРЕНА ИЗЛОЖБАТА „ОД МОЈ АГОЛ“

    ЖИРАФИТЕ И ЈАГОДИТЕ НАЈИНТЕРЕСНИ ЗА ФОТОГРАФИРАЊЕ НА ДЕЦАТА СО АУТИЗАМ, ОТВОРЕНА ИЗЛОЖБАТА „ОД МОЈ АГОЛ“Холандскиот амбасадор Ваутер Пломп ги покани учесниците на проектот „Уметност за сите“ и гостите за групна фотографија (Фото: M. Златевска)

    Животните и вовчето во скопската Зоолошка градина, сувенирите и дуќаните низ Старата чаршија, како и јагодите, бананите, оревите на тезгите на Бит пазар изминатиов период биле инспирација за фотографирање на децата со аутизам од Посебното основно училиште „Иднина“ и од повеќе здруженија и организации.

    Селекцијата од фотографиите денес беше претставена во Националната галерија на Македонија- Чифте амам, на изложбата насловена „Од мој агол“.

    Изложбата е прва фаза од ликовно- едукативниот проект на НГМ и на Холандската амбасада во Македонија, „Уметност за сите“ (Фото: M. Златевска)

    Децата работеле со фотографот Дарко Максимовски на повеќе локации низ Скопје, а најинспиративна за фотографирање била Зоолошката градина.

    Изложбата е прва фаза од ликовно- едукативниот проект на НГМ и на Холандската амбасада во Македонија, „Уметност за сите“, наменет за децата со аутизам, оштетен говор, слух и вид, од најрана училишна возраст до завршување на средното образование.

    „Искрено, не видов деца со посебни потреби. Видов многу љубов и светлина кои ми ј стопија душата. Од досегашните искуства, ваквите работилници го поткреваат духот и расположението кај сите што престстваува дополнителен мотив за нас како институција за следни проекти во насока на промовирањето на културата на прифаќање и интегрирање“, вели координаторката на проектот, Маја Димитрова од Националната галерија.

    Холандскиот амбасадор Ваутер Пломп со еден од професионалните танчари од „Денсрс јунајтед МК“ (Фото: М. Златевска)

    Директорката на НГМ Дита Старова- Ќерими рече проектот е толку професионално одработен, што поставката во Чифте амам наликува на изложбите на големите уметници.

    „Секогаш кога доаѓам во Чифте амам сум многу среќен. Ви благодарам вам, драги деца и родители што учествувате во проектот“, рече холандскиот амбасадор Ваутер Пломп по што ги покани сите гости за групна фотографија.

    Гости на изложбата беа и деца од скопски училишта, како и професионалните танчери со Даунов синдром од студиото „Дансерс јунијтед Македонија “ кои по врачувањето на подароците и благодарниците, изиграа танчерска точка на крајот на свеченоста.

    Б. НЕСТОРОСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира