БЕЛГИСКИОТ ОЛИМПИЕЦ ЛАКРАУИ ЌЕ ЛЕТА ЗА РИО ОД АЕРОДРОМОТ НА КОЈ СЕ РАЗНЕСЕ НЕГОВИОТ БРАТ ЏИХАДИСТ

a:1:{s:9:"td_source";s:49:"Брисел,(ДејлиМејл,Шпигел)

    БЕЛГИСКИОТ ОЛИМПИЕЦ ЛАКРАУИ ЌЕ ЛЕТА ЗА РИО ОД АЕРОДРОМОТ НА КОЈ СЕ РАЗНЕСЕ НЕГОВИОТ БРАТ ЏИХАДИСТ

    Мурад Лакрауи, братот на еден од џихадистите кои се разнесоа во самоубиствен бомбашки напад на аеродромот во Брисел, се подготвува за настап на Олимписките игри во Рио следниот месец.
    Белгиецот Лакрауи, кој е европски шампион во теквондо во категоријата до 54 килограми, ќе полета за Бразил токму од аеродромот на кој неговиот брат Наџим детонираше експлозиви, убивајќи се себеси и уште 17 други луѓе.

    21-годишниот Лакрауи е актуелен европски шампион во теквондо во категоријата до 54 килограми

    21-годишниот Лакрауи е актуелен европски шампион во теквондо во категоријата до 54 килограми

    „Изминатите недели беа екстремно тешки за мене, моите родители и двајцата помалку браќа. Во минатото, кога нешто лошо ќе се случеше, секогаш можев брзо да се справам со тоа и да го заборавам. Но, овојпат е различно. Се уште не можам да замислам како можеше брат ми да направи нешто такво“, раскажува Лакрауи во интервју за „Шпигел“.
    „Ме советуваа да го сменам презимето. Но, и тоа не е решение. Тоа е мое презиме и презиме на татко ми“.
    Кога патува во странство, Мурад мора да поминува низ аеродромот на кој загина брат му, убивајќи многу невини луѓе. Тој вели дека таму го обзема чудно чувство и се обидува да што побрзо да помине низ аеродромските процедури.
    „Тоа што го направи брат ми е ужасно. Сепак, повеќе сум лут на луѓето кои го наведоа да го направи тоа. Ми недостасува како брат, но не ми недостасува поради тоа што го направи“, вели Лакрауи.
    Мурад и Наџим израснаа заедно во квартот Шарбек во Брисел, дом на многу имигранти. Нивниот татко, кој се досели од Мароко, е фан на филмови со Брус Вилис и Џеки Чен и не сакал неговите деца да растат на улица, па ги запишал на теквондо.
    „Пораснав со спорт. Секогаш морав да бидам на време, морав да ги почитувам правилата и тоа стана неразделен дел од мојот живот“, кажа 21-годишникот.
    Тој почна да се натпреварува на 14 години, но Наџим, кој тогаш веќе имаше 18 годинаи, престана на доаѓа на тренинзите и навлезе длабоко во радикалниот ислам. Престана да се ракува со жени, пушти брада, избегнуваше алкохол и се радикализираше.
    „Почна да чита книги за актуелната политика, но и книги на Виктор Иго. Веќе не се гледавме така често, бидејќи јас имав тренинзи. Но, кога ќе се сретневме дома, секогаш наоѓавме нешто за да се смееме. Не беше несреќен, живееше добро и немаше проблеми“, рече Мурад.
    Наџим во 2011 година се запиша на на факултет да студира електромеханика, истата дисциплина која сега ја студира и Мурад.Наџин потоа работеше како чистач во Европскиот парламент и потоа  се вработи на аеродромот во Брисел, на кој на 22 март годинава се самоуби во бомбашкиот напад. Во февруари 2013 година, Наџим замина за Сирија и неговиот татко го пријави во полиција дека и се придружил на Исламска држава.
    Белгиските власти распишаа меѓународна потерница по него во март 2014 година, но тој успеа да се врати во Белгија во 2015 година со упатство од ИД да изврши напад и да убие колку што е можно повеќе луѓе.
    Мурад последен пат се виде со Наџим во 2013 година.
    „Не го знаев тоа. Не знаев ништо се до бомбашкиот напад“, вели тој.
    „Дури и да налетавме еден на друг, не можеш секогаш да знаеш што планира другиот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари