КЛИМАТСКИТЕ АКТИВИСТИ ФРЛИЈА БОЈА ВРЗ ФАСАДАТА НА ГЕРМАНСКАТА ВЛАДА

    КЛИМАТСКИТЕ АКТИВИСТИ ФРЛИЈА БОЈА ВРЗ ФАСАДАТА НА ГЕРМАНСКАТА ВЛАДАКлиматските активисти од „Последна генерација“ напишаа со големи букви „Помогнете! Вашите деца“ и оставија бројни отпечатоци од раце. (Фото: ДПА)

    Членовите на групата за климатски активизам „Последната генерација“ утрово истурија портокалова боја на фасадата на германската Влада. На фотографијата објавена од групата се гледа фразата „Помогнете! Вашите деца“ напишана со големи букви и бројни отпечатоци од раце. Може да се забележат неколку активисти како седат или лежат на земја пред ѕидот.

    Берлинската полиција го истражува инцидентот и приведе 16 лица на возраст од 13 до 16 години за да го провери нивниот идентитет. Полицијата отвори истрага поради сомнение за материјална штета. Активистите ја повикуваат германската влада да ја исполни својата одговорност кон помладата генерација во однос на климатските промени, се вели во соопштението на „Последната генерација“.

    „Последната генерација“ постојано се појавува на насловните страници со драматични протести кои го привлекуваат вниманието за климатските промени, при што некои активисти беа уапсени поради нарушување на сообраќајот и други мерки. Групата демонстрира за поголема климатска акција со блокади на улици и други мерки од почетокот на 2022. Тие досега ја обоија и Бранденбуршката порта со портокалова боја.

    Во тек се неколку истраги и судења на членовите на групата, од кои многумина се веќе осудени.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира