СТРУГА САКА ДА МУ ГО ПРЕФРЛИ ЃУБРЕТО НА ОХРИД

    СТРУГА САКА ДА МУ ГО ПРЕФРЛИ ЃУБРЕТО НА ОХРИД

    Стружани сакаат ѓубрето од депонијата во влезот на градот да се складира во Охрид. Ја меркаат депонијата кај Буково покрај патот Охрид-Ресен, каде што охридски Комуналец го складира  ѓубрето од градот.

    Оваа идеја стружани ја искажаа на неодамнешните протести, кога пред  општинската зграда го изразија својот револт поради палењето на депонијата на влезот на Струга. Официјалните органи на локалната самуправа во овој град сѐ уште не се изјаснуваат за оваа идеја, иако велат дека се размислува за нова локација за струшката депонија.

    Во Охрид и самата најава дека во Струга се врти една ваква идеја предизвкува вознемиреност.

    „Во овој момент кај нас нема пристигнато никаква иницијатива од официјалните органи на струшката локална власт за евентуално префрлање на ѓубрето на просторот кај Буково.Тоа го слушаме од вас. Ние имаме една депонија во близина на градот, на влезот од кај Струга. Тоа е депонијата Маутскер, каде што главно се одлага шут и која настојуваме да добие друга намена. Депонијата во Буково стана претесна и за одлагање на охридското  ѓубре, така што, на тој дел нема место за одлагање на дополнителни количини ѓубре”, велат од локалната самоуправа во Охрид.

    Главната депонија каде со одлага ѓубрето од Охрид, Буково, се ноѓа на околу дваесет километри од градот. Еколозите со години реагираат и бараат оваа депонија да биде дислоцирана. Има денови кога поради согорувањето на отпадот  голем простор околу депонијата е прекриен со густ чад кој пренесува и неподнослива смрдеа. Во близината има и неколку селски населби.

    Д. ЧУБРИЌ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира