ВО СТРУГА E ОПАСНО ДА СЕ ЖИВЕЕ ПОРАДИ ЧАДОТ ОД ДЕПОНИЈАТА

    ВО СТРУГА E ОПАСНО ДА СЕ ЖИВЕЕ ПОРАДИ ЧАДОТ ОД ДЕПОНИЈАТАДивата депонија кај Струшко Поле беше запалена со гуми полиени со бензин и чади од Велигден, а стружани денеска протестираа (Фото: СДК.МК)

    Стружани попладнево се собраа за да го изразат својот револт поради екеолошката катастрофа што ја создава дивата депонија кај Струшко Поле која беше запалена со гуми полиени со бензин и чади од Велигден. На протестот некои стружани протестираа и со заштитни маски, симболично покажувајќи дека сега е опасно да се живее во Струга поради чадот.

    „Ова не е првпат депонијата да биде запалена. Тоа се случуваше изминативе години повеќе пати. Гледате и сами дека сега поради чадот е опасно да се живее  дури и во Струга. Локалната власт ништо не презема ова да се санира. Не знам кога овој проблем ќе биде решен”, вели повозрасна стружанка.

    Граѓанскиот активист  Глигорие Ќатоски кажа дека мора да се изврши најпрво санација на депонијата, а потоа да се изгради регионално собиралиште на ѓубре и отпад.

    Од локалната власт кусо соопштија дека тие прават напори тлеењето на огонот да се неутрализира,отфрлајќи ја одговорноста за оваа еколошка катастрофа.

    Д. ЧУБРИЌ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира