17 ВОНРЕДНИ ЛЕТОВИ ЗА СУПЕРКУПОТ, АЛЕКС ФЕРГУСОН ДОАЃА ДА НАВИВА ЗА ЈУНАЈТЕД

    17 ВОНРЕДНИ ЛЕТОВИ ЗА СУПЕРКУПОТ, АЛЕКС ФЕРГУСОН ДОАЃА ДА НАВИВА ЗА ЈУНАЈТЕДРеал Мадрид во март стана партнер на авиокомпанијата „Емирејтс“, која што на нов Ербас А380 ги наслика ѕвездите на европскиот шампион Кристијано Роналдо, Герет Бејл, Серхио Рамос, Марсело и Карим Бензема. (Фото: Емирејтс)

    За Суперкупот на УЕФА меѓу Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед, на скопскиот аеродром „Александар Велики“ досега се најавени 17 вонредни летови, на 7 и 8 август, но листата секојдневно се зголемува. Гостите ќе пристигнат со патнички и мали бизнис авиони.

    Од Манчестер и од Мадрид доаѓаат по два патнички авиони и еден ќе лета од Ливерпул. Шпанската компанија „Иберија ерлајнс“ од Мадрид испраќа „ербас А 330“ со 278 патници, кој вообичаено лета на прекуокеански летови.

    Најголемиот авион што ќе слета за Супер купот на Скопскиот аеродром ќе биде ербас А 330 на шпанската компанија Иберија -еден од ербасите А 330 на Иберија снимен на аеродромот во Сао Паоло, Бразил (Фото: airliners.net)

    Фудбалскиот џет-сет ќе пристигне со мали бизнис авиони, со капацитет од 2 до 20 патници. Кои се патниците, од скопскиот аеродром не прецизираат. Џет авиончињата доаѓаат од Лондон, Анкона (Италија), Братислава (Словачка), Мали Лошињ (Хрватска), Ница (Франција) и Жирона (Шпанија).

    Од фудбалските ВИП личности кои ќе допатуваат во Скопје, засега потврдени се легендите на англискиот фудба, Сер Боби Чалтон и Сер Алекс Фергусон. Според досегашните најави до Фудбалската федерација на Македонија, покрај Фергусон и Чалтон на стадионот „Филип Втори“ ќе присуствуваат и првите луѓе на Манчестер Јунајтед и на Реал Мадрид, како и највисокото раководство на ФИФА и УЕФА, предводени од претседателот на ФИФА Џани Инфантино и на УЕФА Александар Чеферин.

    Алекс Фергусон беше тренер на Манчестер Јунајтед од 1986 до 2013 година и важи за еден од најдобрите тренери на сите времиња. (Фото: Ројтерс)

    Високите гости ќе стигнат во Скопје на 7 август, ден пред натпреварот, кога ќе биде организирана гала вечера во Македонкиот народен театар, со театaрска претстава во режија на Дејан Пројковски.

    „Церемонијата на отворање на УЕФА Суперкупот, ќе започне со настап на децата од Центарот за рехабилитација и образование на деца со оштетен слух Партение Зографски. Тие на знаковен јазик ќе ја изведат песната ‘Скај фул оф старс’ на групата ‘Колдллеј’, велат од Фудбалската федерација на Македонија.

    Од таму додаваат дека до сега се тече според предвидената динамика за организација на овој голем настан. Екипи од УЕФА работат на поставување на потребата опрема на стадионот. Се извадуваат две студија за новинарските екипи на трибините, се опремува вип делот за високите гости.

    Од утре па се до завршување на натпреворот меѓу Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид, пристапот околу стадионот ќе биде органичен.

    За сите оние кои не успеаа да дојдат до карта за натпреварот, плоштадот Македонија на 7 и 8 август ќе биде фан зона. Во фан зоната покрај следење на натпреварот на видео бим, фудбалските фанови ќе можат да се фотографираат во трите пехари на УЕФА, пехарот од Суперкупот, од Лигата на шампиони и од Лига Европа.
    За навивачите на фудбалските клубови Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед, огранизирани се места за собирање. Така навивачите на Мачестер Јунајтед ќе се собираат пред платото на спомен куќата на Мајка Тереза, а фановите на кралскиот клуб на плоштадот Филип Втори.

    Од таму организирано ќе се упатат кон арената „Филип Втори”,

    „Околу 4.000 фанови на Манчестер Јунајтен ќе дојдат од Англија. УЕФА додели по 4.000 карти на двата клуба за своите фанови. Бидејќи Реал Мадрид има доста широка мрежа на фан клубови, 3.000 карти се поделени на фановите ширум Европа,па се очекува навивачи на клубот од повеќе земји” додаваат од ФФМ.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира