АВСТРИЕЦОТ ГРЕГОР ХАЈМ ПОБЕДИ НА ПРВИОТ УЛТРАМАРАТОН НА ГАЛИЧИЦА ДОЛГ 107 КИЛОМЕТРИ

    АВСТРИЕЦОТ ГРЕГОР ХАЈМ ПОБЕДИ НА ПРВИОТ УЛТРАМАРАТОН НА ГАЛИЧИЦА ДОЛГ 107 КИЛОМЕТРИГрегор Хајм стигна на целта во Охрид по 14 и пол часа трчање (Фото: Охрид ултра треил)

    Австриецот Грегор Хајн и Косоварката Аринета Мула се победниците на првата ултрамаратонска трка на Галичица, која се одржа во рамките на второто издание на Охрид ултра треил.

    Трката долга 107 километри почна во стариот дел на Охрид, помина низ селата во пониските делови на Галичица и Свети Наум, по што го следеше главното било на планината и заврши во центарот на градот. Хајн стигна на целта по 14 и пол часа трчање, но организаторите кажаа дека дополнително ќе ги објават официјалните резултати.

    На ултрамаратонот стартуваа 40 натпреварувачи и македонските тркачи завршија на второто место во двете конкуренции: Жикица Ивановски кај мажите и Сања Најдовски кај жените.

    Охрид ултра треил содржеше и две пократки трки: на Галичица ултра долга 66 километри најбрзи беа Дејан Ангелоски од Македонија и Ерида Куршумлија од Косово, додека на 18-километарската Летница треил славеа домашните тркачи Илија Пајмаковски и Марија Пеликон.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира