БАРСЕЛОНА СЕ ОСЛОБОДИ ОД КУТИЊО И ГО ПРАТИ НА ЗАЕМ ВО БАЕРН

    БАРСЕЛОНА СЕ ОСЛОБОДИ ОД КУТИЊО И ГО ПРАТИ НА ЗАЕМ ВО БАЕРНКутињо дојде во Барселона за 150 милиони евра, но се задржа само сезона и пол (Фото: Гети)

    Најскапиот фудбалер во историјата на Барселона Филипе Кутињо ќе ја продолжи кариерата во Баерн како отстапен играч.

    Каталонскиот клуб соопшти дека Баерн ќе плати 8,5 милиони евра за заем на Бразилецот, а потоа ќе има можност да го купи за 120 милиони. Баерн исто така ќе ја плаќа платата на Кутињо додека трае заемот.

    „За мене, оваа промена претставува нов предизвик во нова земја во еден од најдобрите клубови на светот. Имам големи цели, исто како и Баерн и сигурен сум дека заедно ќе ги оствариме“, изјави Кутињо.

    Тој стана трет најскап фудбалер на сите времиња кога во јануари 2018 премина од Ливерпул во Барселона за 150 милиони евра и иако постигна 21 гол на 76 средби, неговиот престој на „Камп ноу“ беше оценет како разочарувачки и клубот бараше начини како да се ослободи од него.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари