БУГАРСКИ ФУДБАЛЕР ИГРАЛ СО КОРОНАВИРУС, ПА ГО ЗАРАЗИЛ ЦЕЛИОТ ПРОТИВНИЧКИ ТИМ

    БУГАРСКИ ФУДБАЛЕР ИГРАЛ СО КОРОНАВИРУС, ПА ГО ЗАРАЗИЛ ЦЕЛИОТ ПРОТИВНИЧКИ ТИММартин Кавдански добил дозвола да игра поради грешка на лабораторијата која ги спроведува тестирањата

    Бугарскиот фудбалски прволигаш Черно море остана без цел тим откако 16-мина негови играчи имале позитивен тест на коронавирус по првенствениот натпревар со Царско село.

    Мечот се одигра во четвртокот, но отпосле се дозна дека бекот на Царско село, Мартин Кавдански, веќе бил заразен. Од софискиот клуб изјавија дека дошло до недоразбирање откако лабораторијата која ги спроведува тестирањата пред мечевите го известила Бугарскиот фудбалски сојуз дека сите резултати се негативни.

    Лабораторијата дополнително призна дека била направена грешка и дека тестот на Кавдански, всушност, бил позитивен“, соопшти Царско село.

    На повторените тестирања уште тројца играчи на Царско село биле позитивни на коронавирус, како и сопственикот на клубот. Черно море, пак, вчера извести дека и 16-мина негови фудбалери имале позитивен тест.

    Сите играчи се ставени во карантин и се преземаат неопходни мерки“, кажаа од Черно море.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари