БУНДЕСЛИГАТА ОЧЕКУВА ДА ЈА ГЛЕДААТ МИЛИЈАРДА ЛУЃЕ КОГА УТРЕ ЌЕ ПРОДОЛЖИ ДА СЕ ИГРА

    БУНДЕСЛИГАТА ОЧЕКУВА ДА ЈА ГЛЕДААТ МИЛИЈАРДА ЛУЃЕ КОГА УТРЕ ЌЕ ПРОДОЛЖИ ДА СЕ ИГРАУтре на програмата се шест натпревари од 26. коло (Фото: Гети)

    Извршниот шеф на Баерн, Карл-Хајнц Румениге, очекува Бундеслигата да ја гледаат милијарда луѓе кога утре таа ќе стане прво големо фудбалско првенство кое ќе продолжи среде пандемијата на коронавирусот.

    „Бундеслигата е прво големо фудбалско првенство на светот кое ќе продолжи да се игра. И ако таа е единствената лига што ќе се пренесува на телевизија низ светот, верувам дека ќе имаме публика од милијарда гледачи. Тоа е добра реклама не само за нашиот фудбал, туку и за целата земја“, изјави Румениге.

    Утре на програмата се шест натпревари од 26. коло и сезоната би можела да биде продолжена и во јули, ако не е можно сите мечеви да се одиграат до 30 јуни, како што е планирано. Новина ќе биде тоа што секоја екипа ќе може да направи пет измени на еден натпревар.

    „Ризикот секако постои и затоа ќе се бара највисока дисциплина. Возбуден сум што се враќа фудбалот“, изјави германскиот министер за внатрешни работи и спорт Хорст Зехофер.

    Ќе се игра пред празни трибини и под строги безбедносни и здравствени правила, при што на еден натпревар ќе има околу 300 луѓе. Играчите нема да смеаат да плукаат, да се гушкаат и поздравуваат и групно да ги слават головите, а оние што седат на клупата за резерви ќе мора да носат маска и да бидат оддалечени еден од друг.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари