БУНДЕСЛИГАТА ПРОДОЛЖУВА ОВОЈ МЕСЕЦ ПРЕД ПРАЗНИ ТРИБИНИ, ПОТВРДИ МЕРКЕЛ

    БУНДЕСЛИГАТА ПРОДОЛЖУВА ОВОЈ МЕСЕЦ ПРЕД ПРАЗНИ ТРИБИНИ, ПОТВРДИ МЕРКЕЛГерманските клубови пред еден месец се вратија на тренинзите (Фото: ЕПА)

    Германската Бундеслига ќе биде прво големо фудбалско првенство кое ќе продолжи среде пандемијата на коронавирусот.

    Канцеларката Ангела Меркел потврди дека фудбалската сезона во Германија ќе продолжи овој месец, при што како можен термин се споменува 16/17 мај. Лигата беше прекината на 11 март, при што на клубовите им преостанува да одиграат уште по девет или десет кола. Сите мечеви ќе се играат пред празни трибини.

    И Шпанија и Англија се надеваат дека ќе продолжат со елитниот фудбал следниот месец, додека Франција и Холандија ги прекинаа првенствата.

    Во меѓувреме беа тестирани сите играчи и тренери од 36-те клубови од првата и втората Бундеслига, при што биле откриени 10 позитивни случаи на коронавирус.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари