ДЕСЕТТИ ТРИУМФ НА ЃОКОВИЌ НА ОТВОРЕНОТО ПРВЕНСТВО НА АВСТРАЛИЈА ЗА РЕКОРДНАТА 22. ГРЕНД СЛЕМ ТИТУЛА

    ДЕСЕТТИ ТРИУМФ НА ЃОКОВИЌ НА ОТВОРЕНОТО ПРВЕНСТВО НА АВСТРАЛИЈА ЗА РЕКОРДНАТА 22. ГРЕНД СЛЕМ ТИТУЛАЃоковиќ триумфално се врати во Мелбурн една година откако беше депортиран (Фото: Гети)

    Новак Ѓоковиќ по десетти пат триумфираше на Отвореното првенство на Австралија и го израмни рекордот на Рафаел Надал од 22 освоени гренд слем титули. Ѓоковиќ од утре повторно ќе биде светски рекет број еден. 

    Во денешното финале во Мелбурн, Ѓоковиќ го совлада грчкиот тенисер Стефанос Циципас со 6:3, 7:6, 7:6 и не само што му ја одзеде можноста да ја освои првата гренд слем титула, туку и да избие на врвот на АТП-листата.

    Иако изгуби во три сета, Циципас не беше без шанси на мечот, па така Ѓоковиќ спаси сет-топка пред да израмни на 5:5 во вториот сет.

    Десеттиот триумф на Ѓоковиќ во исто толку финалиња во Мелбурн следува една година откако тој беше депортиран од Австралија зашто не беше вакциниран против ковид-19.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира