ДВАЈЦА 18-ГОДИШНИ РАКОМЕТАРИ ОД БИТОЛА ПОЗИТИВНИ НА КОРОНАВИРУС

    ДВАЈЦА 18-ГОДИШНИ РАКОМЕТАРИ ОД БИТОЛА ПОЗИТИВНИ НА КОРОНАВИРУСПозитивните случаи биле откриени при рутинска контрола организирана од нивниот клуб (Фото: СДК.МК)

    Двајца 18-годишни ракометари од Битола се позитивни на коронавирус, соопштија од Министерството за здравство за САКАМДАКАЖАМ.МК.

    „Две лица од ракометен клуб на возраст од 18 години се позитивни. Лицата во моментов се асимптоматски, а тестирани се приватно, при рутинска контрола организирана од нивниот клуб. Од нивните контакти, за 16 лица е даден предлог до санитарна инспекција за ставање под здравствен надзор“, соопштија од Министерството за здравство.

    Двете момчиња беа евидентирани во здравствениот билтен пред три дена.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари