ЕЛ КЛАСИКО ОДЛОЖЕНО ПОРАДИ СТРАВ ОД НЕМИРИ

    ЕЛ КЛАСИКО ОДЛОЖЕНО ПОРАДИ СТРАВ ОД НЕМИРИНовиот термин на натпреварот ќе се договори в понеделник (Фото: Гети)

    Големото шпанско фудбалско дерби помеѓу Барселона и Реал Мадрид нема да се игра овој месец поради страв од немири.

    Популарното Ел Класико требаше да се игра на 26 октомври, но во Барселона веќе неколку дена има масовни и насилни демонстрации откако поранешните лидери на Каталонија добија високи затворски казни за организирање на незаконскиот референдум за независност во 2017 година. Двата клуба не се согласија мечот место во Барселона, да се игра во Мадрид и тие в понеделник мора да договорат нов датум.

    „Мечот се одложува поради исклучителни околности кои се вон наша контрола. На денот на средбата се очекуваат нови протести“, соопшти Шпанската фудбалска федерација.

    Илјадници луѓе излегоа на денешните маршеви низ Каталонија, барајќи „слобода за политичките затвореници“. Девет поранешни лидери на Каталонија и борци за независност беа осудени на затворски казни од девет до 13 години поради поттикнување на побуна и незаконско трошење јавни средства.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари