ЕВРОПСКИОТ ВИЦЕПРВАК ТОТЕНХЕМ ГО ОТПУШТИ ТРЕНЕРОТ ПОКЕТИНО

    ЕВРОПСКИОТ ВИЦЕПРВАК ТОТЕНХЕМ ГО ОТПУШТИ ТРЕНЕРОТ ПОКЕТИНОПокетино доби отказ по слабиот старт на новата сезона (Фото: Гети)

    Тотенхем го отпушти тренерот Маурисио Покетино, само шест месеци откако го одведе до финалето на Лигата на шампионите првпат во историјата на клубот.

    Аргентинскиот стручњак го презеде Тотенхем во мај 2014 и под негово водство клубот стана конкурент за титулата во Премиерлигата, но сезонава слабо стартуваше и моментално се наоѓа на 14. место.

    „Многу се двоумевме околу оваа промена. Бордот не ја донесе лесно одлуката, но првенствените резултати на крајот на минатата и на почетокот на оваа сезона се многу разочарувачки“, изјави претседателот на Тотенхем Даниел Ливи.

    Покетино го освои Лига купот со Тотенхем, а импресивните резултати го поврзуваа со Реал Мадрид и Манчестер јунајтед.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари