ФЕДЕРЕР ОДИ НА ОПЕРАЦИЈА И ВЕЌЕ НЕМА ДА ИГРА ОВАА ГОДИНА

    ФЕДЕРЕР ОДИ НА ОПЕРАЦИЈА И ВЕЌЕ НЕМА ДА ИГРА ОВАА ГОДИНАФедерер планира да игра и следната сезона, иако во август ќе наполни 39 години (Фото: Гети)

    Роже Федерер објави дека веќе нема да игра оваа година зашто ќе оди на нова операција на десното колено. Тој беше опериран во февруари, но вели дека рехабилитацијата не одела добро.

    „Едвај чекам да се видам со сите повторно на стартот на следната сезона“, изјави Федерер, кој во август ќе наполни 39 години.

    Професионалниот тенис е во прекин од март поради пандемијата на коронавирусот и така ќе биде најмалку до крајот на јули. Вимблдон беше целосно откажан, додека Ролан Гарос и Ју-Ес опен е планирано да се одржат.

    Федерер нема играно од поразот од Новак Ѓоковиќ во полуфиналето на Отвореното првенство на Австралија во јануари. Тој досега има освоено 103 АТП-титули и му недостигаат уште шест за да се израмни со рекордерот Џими Конорс.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира