ФИФА ПОВИКА НА ЕДНОМЕСЕЧНО ПРИМИРЈЕ ВО УКРАИНА ДОДЕКА ТРАЕ СВЕТСКОТО ПРВЕНСТВО ВО КАТАР

    ФИФА ПОВИКА НА ЕДНОМЕСЕЧНО ПРИМИРЈЕ ВО УКРАИНА ДОДЕКА ТРАЕ СВЕТСКОТО ПРВЕНСТВО ВО КАТАРЏани Инфантино кажа дека едномесечниот мундијал нуди уникатна платформа за мир (Фото: АП)

    Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, повика на прекин на огнот во Украина додека трае Светското првенство во Катар, сметајќи дека сите страни би можеле да го искористат фудбалскиот турнир како позитивен поттик за наоѓање решение.

    Обраќајќи им се на светските лидери за време на самитот на Г20 на Бали, Инфантино кажа дека едномесечниот мундијал, кој почнува в недела, нуди уникатна платформа за мир.

    „Мојата молба до сите вас е да размислите за привремено, едномесечно примирје додека трае Светското првенство или барем да се воспостават некакви хуманитарни коридори или што било што може да доведе до продолжување на дијалогот како прв чекор кон мирот. Вие сте светски лидери и имате способност да влијаете врз курсот на историјата. Фудбалот и Светското првенство ви нудат уникатна плаформа за единство и мир низ цел свет“, порача Инфантино.

    Светското првенство ќе се игра од 20 ноември до 18 декември и ќе биде последно на кое ќе учествуваат 32 селекции. Русија стигна до четвртфиналето на претходниот мундијал, но беше исфрлена од плејофот за СП 2022 поради инвазијата на Украина.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира