ФУДБАЛЕРИТЕ НА ЦРВЕНА ЗВЕЗДА СЛАВЕА ТИТУЛА, ПА ИМ СЕ ЗАПАЛИ АВТОБУСОТ

    ФУДБАЛЕРИТЕ НА ЦРВЕНА ЗВЕЗДА СЛАВЕА ТИТУЛА, ПА ИМ СЕ ЗАПАЛИ АВТОБУСОТИако биле принудени да скокаат од автобусот, никој од фудбалерите не е повреден (Фото: Б92)

    Автобусот што ги превезувал фудбалерите на Црвена звезда по вчерашниот натпревар со Вождовац се запалил во населбата Автокоманда, при што немало повредени.

    Три пожарникарски возила по повеќе од еден час успеале да го изгаснат пожарот, кој целосно го уништил панорамскиот автобус.

    Фудбалерите и навивачите цело време по пат палеле факели (Фото: РАС)

    Причината за пожарот засега не е позната, но фудбалерите со автобусот тргнале на прославата на 28. шампионска титула и по пат цело време палеле факели и друга пиротехника. Тие притоа биле следени од неколку илјади навивачи. Според некои информации, пожарот избувнал во пределот на моторот.

    Бидејќи не можеле нормално да се симнат од запалениот автобус, некои фудбалери биле принудени да скокаат од него. Полицијата притоа спасила неколку деца кои биле во близина на автобусот.

    Некои играчи се вратиле на стадионот „Рајко Митиќ“, додека други продолжиле со прославата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира