ФУДБАЛЕРИТЕ ВО 97. МИНУТА ИСПУШТИЈА ПОБЕДА ПРОТИВ СЛОВЕНИЈА НА ПРВИОТ КОНТРОЛЕН МЕЧ ПРЕД ЕП

    ФУДБАЛЕРИТЕ ВО 97. МИНУТА ИСПУШТИЈА ПОБЕДА ПРОТИВ СЛОВЕНИЈА НА ПРВИОТ КОНТРОЛЕН МЕЧ ПРЕД ЕПМакедонија поведе во 55. минута со голот на Елмас, но тоа не беше доволно за победа (Фото: МИА)

    Македонската фудбалска репрезентација одигра 1:1 со Словенија на првиот контролен натпревар пред дебито на Европското првенство, до чиј почеток остануваат уште десет дена.

    Играјќи пред публика за првпат по долго време, Македонија поведе во 55. минута со голот на Елмас и кога се чинеше дека тоа ќе биде доволно за победа, Чрнигој атрактивно заврши една акција на Словенците во седмата минута од судиското надополнување.

    „Со исклучок на примениот гол, задоволен сум од второто полувреме, во кое доминиравме и требаше да дадеме уште еден гол. Ова се подготвителни натпревари и ја постигнавме целта. Во второто полувреме комплетно личевме на нашата репрезентација. Имаме уште еден натпревар за три дена и мислам дека целосно подготвени ќе го дочекаме Европското првенство“, изјави селекторот Игор Ангеловски на прес-конференцијата по натпреварот.

    Вториот и последен контролен меч пред ЕП фудбалерите го играат в петок против Казахстан.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира