ФУДБАЛСКИ ПЕХАРИ ОД ЛИГА НА ШАМПИОНИ, ЛИГА ЕВРОПА И УЕФА СУПЕРКУП ИЗЛОЖЕНИ ВО ТЕТОВО

    ФУДБАЛСКИ ПЕХАРИ ОД ЛИГА НА ШАМПИОНИ, ЛИГА ЕВРОПА И УЕФА СУПЕРКУП ИЗЛОЖЕНИ ВО ТЕТОВОСо ова започна Трофеј турата со која овие пехари ќе бидат изложени во Охрид, Битола, Прилеп, Неготино, Струмица, Штип, Куманово и Скопје (Фото: СДК.МК)

    Најзначајните европски фудбалски трофеи, пехарите од Лига на шампиони, Европска лига и Супер куп на УЕФА денеска беа изложени во Тетово. Со ова започна Трофеј турата со која овие пехари ќе бидат изложени во Охрид, Битола, Прилеп, Неготино, Струмица, Штип, Куманово и Скопје.

    На овие најзначајни европски спортски награди најмногу им се израдуваа младите фудбалери од подмладоците на тетовските клубови. Тие ги гледаа пехарите, им се воодушевуваа, се фотографираа со нив, се обидуваа да ги допрат иако тоа беше забрането од организаторите на оваа манифестација.

    (Фото: СДК.МК)

    „Ова е прв пат во Тетово да имаме можност да ги видиме во живо овие фудбалски трофеи. Ова за тетовци, а посебно за овие млади фудбалери кои денеска се собраа овде, е навистина голем настан. Мислам дека ова уште повеќе ќе ги мотивира овие млади фудбалери да постигнуваат успеси, а можеби еден ден некој од нив и ќе го има во своите раце некој од овие пехари “, изјави Енвер Сулејмани заменик генерален секретар на ФСМ.

    Пехарите во Тетово беа изложени на фудбалскиот терен кај спортскиот центар, а потоа тие заминаа за Охрид. Пехарите на седми и осми август, кога ќе се одржи и финалето на Европскиот Супер куп меѓу Реал Мадрид и Манчестер јунајтед, ќе бидат изложени во Скопје.

    З. АНДОНОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира