ЃОКОВИЌ ЈА ОСВОИ 102. ТИТУЛА, 21 ГОДИНА ПО РЕД ЗАВРШУВА СО БАРЕМ ЕДЕН ТРОФЕЈ

    ЃОКОВИЌ ЈА ОСВОИ 102. ТИТУЛА, 21 ГОДИНА ПО РЕД ЗАВРШУВА СО БАРЕМ ЕДЕН ТРОФЕЈЃоковиќ е највозрасниот тенисер кој освоил АТП-титула од 1977 (Фото: Гети)

    Новак Ѓоковиќ ја освои 102. титула во својата импресивна кариера откако Алекс де Минор се повлече поради повреда од финалето на Отвореното првенство на Кина во Пекинг. Ѓоковиќ водеше со 7:6, 0:1, кога Австралиецот беше принуден да се предаде поради проблем со левиот бут.

    Двајцата тенисери побараа медицински тајм-аут по првиот сет, што траеше 68 минути, но по враќањето на теренот, Де Минор успеа да одигра само еден гем, пред да се ракуваат и да го завршат мечот.

    Ова е 21. година по ред како Ѓоковиќ освојува барем една титула во поединечна конкуренција. Само Џими Конорс (109) и Роџер Федерер (103) имаат повеќе титули од него.

    „Секогаш имам високи очекувања и сакам да се замислам со трофејот, особено овде во Пекинг, местото каде што никогаш не сум изгубил. Овој трофеј значи многу повеќе од само еден трофеј или еден турнир“, рече 39-годишниот Ѓоковиќ, кој има серија од 34 победи во Пекинг.

    Ова е негова прва титула по нешто повеќе од една година, откако го ограничи својот распоред за да си го заштити телото. Ѓоковиќ е највозрасниот тенисер кој освоил АТП-титула од 1977, кога 43-годишниот Кен Роузвол триумфираше во Хонгконг.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира