ЃОКОВИЌ ЌЕ ДОБИЕ ВИЗА И ЌЕ МОЖЕ ДА ИГРА НА АВСТРАЛИЈАН ОПЕН 2023

    ЃОКОВИЌ ЌЕ ДОБИЕ ВИЗА И ЌЕ МОЖЕ ДА ИГРА НА АВСТРАЛИЈАН ОПЕН 2023Ѓоковиќ во јануари беше депортиран од Австралија непосредно пред почетокот на турнирот (Фото: Гети)

    Новак Ѓоковиќ ќе добие виза од австралиската влада, со што ќе му биде овозможено да игра на Отвореното првенство на Австралија во јануари, една година по драмата во која не му беше дозволен влез во земјата. Весникот „Гардијан“ пишува дека министерот за имиграција Ендрју Гајлс ќе му одобри виза на српскиот тенисер и ќе му ја укине тригодишната забрана за влез во земјата, која уследи откако претходната влада му ја поништи визата во пресрет на годинашниот турнир.

    Во јануари годинава, на Ѓоковиќ не му беше дозволено да игра на турнирот зашто не беше вакциниран против ковид-19. Владата притоа не му го прифати оправдувањето за исклучок од вакцинирањето. Тогашниот министер за имиграција Алекс Хок му ја поништи визата, сметајќи дека присуството на Ѓоковиќ во Австралија би можело да предизвика „граѓански немири’, имајќи предвид дека некои го сметаат за симбол на антиваксерското движење.

    Ѓоковиќ потоа го изгуби вториот случај на федералниот суд и беше депортиран од земјата непосредно пред почетокот на турнирот. Австралија во меѓувреме го укина барањето за задолжително вакцинирање на странците кои влегуваат во земјата.

    Досега немаме добиено ништо официјално. Чекаме. Тениските власти комуницираат со владата и тоа е сè што знам“, кажа Ѓоковиќ.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира