ЃОКОВИЌ ПРИЗНА ДЕКА ЗГРЕШИЛ И СЕ ИЗВИНИ ШТО ПОГОДИ СУДИЈКА СО ТОПЧЕ НА ЈУ-ЕС ОПЕН

    ЃОКОВИЌ ПРИЗНА ДЕКА ЗГРЕШИЛ И СЕ ИЗВИНИ ШТО ПОГОДИ СУДИЈКА СО ТОПЧЕ НА ЈУ-ЕС ОПЕНПо долга дискусија, судиите го дисквалификуваа Ѓоковиќ од турнирот (Фото: Гети)

    Новак Ѓоковиќ се извини за инцидентот што доведе до неговата дисквалификација од Отвореното првенство на САД, кога со топче погоди линиска судијка. На мечот од четвртото коло против Пабло Карено Буста, Ѓоковиќ во еден момент извади топче од џебот, го фрли зад себе и ја погоди судијката во вратот.

    „Целата оваа ситуација ме остави тажен и испразнет. Веднаш ја проверив судијката и таа ми даде знак дека е во ред. Многу ми е жал за стресот што ѝ го предизвикав“, изјави Ѓоковиќ.

    Поради дисквалификацијата, Ѓоковиќ ќе ги изгуби сите поени и пари што ги освои во досегашниот дел од турнирот, а би можел да добие и парична казна.

    „Им се извинувам на сите за моето однесување“, додаде Ѓоковиќ откако ја пропушти шансата да се доближи на само две гренд слем титули до рекордерот Роже Федерер.

    И бившиот тренер на Ѓоковиќ, Борис Бекер, кажа дека судиите исправно постапиле.

    „Ова, веројатно, е најтешкиот момент во неговата кариера. Прекрши правило и казната е исправна“, изјави Бекер.

    Надал и Федерер го откажаа настапот на Ју-Ес опен, па за првпат од 1981 година, во четвртфиналето ќе играат тенисери кои никогаш не освоиле гренд слем титула.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари