ЃОКОВИЌ СЕ ПЛАСИРАШЕ ВО РЕКОРДНОТО 47. ГРЕНД СЛЕМ ПОЛУФИНАЛЕ ПО ПОБЕДАТА НАД ФРИЦ НА ЈУ-ЕС ОПЕН

    ЃОКОВИЌ СЕ ПЛАСИРАШЕ ВО РЕКОРДНОТО 47. ГРЕНД СЛЕМ ПОЛУФИНАЛЕ ПО ПОБЕДАТА НАД ФРИЦ НА ЈУ-ЕС ОПЕНЃоковиќ и во 13. настап на Ју-Ес опен успеа да го помине четвртфиналето (Фото: АП)

    Новак Ѓоковиќ се пласираше во рекордното 47. полуфинале на гренд слем турнирите откако го совлада Америкаанецот Тејлор Фриц на Отвореното првенство на САД. Триесет и шестгодишниот српски тенисер славеше со 6:1, 6:1, 6:4 и го продолжи патот кон 24. гренд слем титула, со што би го израмнил апсолутниот рекорд на Маргарет Корт.

    Во полуфиналето, Ѓоковиќ ќе игра против младата домашна надеж Бен Шелтон, за кого ова е најголемиот успех во кариерата.

    Ѓоковиќ и во 13. настап на Ју-Ес опен успеа да го помине четвртфиналето, за да го надмине рекордот на Роже Федерер во бројот на учества во гренд слем полуфиналињата.

    Без разлика дали ќе го освои турнирот, Ѓоковиќ од понеделник повторно ќе биде светски рекет број еден.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира