ГРИГОР ДИМИТРОВ ПОЗИТИВЕН НА КОРОНАВИРУС ПО ТУРНИРОТ ВО ЗАДАР, И ЃОКОВИЌ ОДИ НА ТЕСТИРАЊЕ

    ГРИГОР ДИМИТРОВ ПОЗИТИВЕН НА КОРОНАВИРУС ПО ТУРНИРОТ ВО ЗАДАР, И ЃОКОВИЌ ОДИ НА ТЕСТИРАЊЕОсвен што играа тенис, учесниците на турнирите Адрија тур се дружеа и надвор од терените. - Ѓоковиќ и Димитров во кошаркарски дуел (Фото: ХТС)

    Новак Ѓоковиќ, Марин Чилиќ и останатите учесници на тенискиот турнир Адрија тур во Задар ќе бидат тестирани на коронавирус, откако бугарскиот тенисер Григор Димитров објави дека имал позитивен тест.

    Тој минатата недела играше на белградскиот дел од овој ревијален турнир, за потоа порано да си замине од Задар. Поради ваквиот развој на настаните, откажан е финалниот меч помеѓу Ѓоковиќ и Андреј Рубљов. Димитров уште по завршувањето на мечот од првото коло со Борна Ќориќ кажа дека се чувствува лошо, по што се повлече од турнирот.

    „Сакам да соопштам дека имав позитивен тест на коронавирус. Сите кои беа во контакт со мене ќе одат на тестирање. Жалам ако сум заразил некого“, кажа Димитров, кој се тестирал во Монако.

    Освен што играа тенис, учесниците на овие турнири се дружеа и надвор од терените.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира