И БАРСЕЛОНА ОДЛУЧИ ДА ИГРА ВО ЛИГАТА НА ШАМПИОНИТЕ ПРЕД ПРАЗНИ ТРИБИНИ

    И БАРСЕЛОНА ОДЛУЧИ ДА ИГРА ВО ЛИГАТА НА ШАМПИОНИТЕ ПРЕД ПРАЗНИ ТРИБИНИДуелот со Наполи се игра на 18 март на „Камп ноу“ (Фото: Ројтерс)

    Барселона објави дека мечот од Лигата на шампионите со Наполи, закажан за 18 март, ќе го игра зад затворени врати на „Камп ноу“ поради грижите околу коронавирусот.

    „Одлуката е донесена чисто од здравствени причини“, изјави Џоан Гуиш, шефот за здравство во каталонската влада.

    Тоа е втор шпанско-италијански дуел од осминафиналето што ќе се игра пред празни трибини, по Валенсија-Аталанта, кој е на програмата денеска. Гледачи нема да има ниту на утрешниот дуел ПСЖ-Борусија Дортмунд, исто како и на средбата од Лига Европа Хетафе-Интер.

    Целиот спорт во Италија е суспендиран до 3 април откако синоќа беше прогласен национален карантин.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира