И ПОКРАЈ КОВИД ПАНДЕМИЈАТА СПЕЦИЈАЛНАТА ОЛИМПИЈАДА СЕ ВРАТИ НА ТЕРЕНИТЕ ЗА ЕВРОПСКАТА НЕДЕЛА НА СПОРТОТ

    И ПОКРАЈ КОВИД ПАНДЕМИЈАТА СПЕЦИЈАЛНАТА ОЛИМПИЈАДА СЕ ВРАТИ НА ТЕРЕНИТЕ ЗА ЕВРОПСКАТА НЕДЕЛА НА СПОРТОТ60 атлети заедно со 40 тренери, волонтери, една недела се натпреваруваа, тренираат, а најмногу како што велат го славеа повторното заедничко дружење.(СДК.МК)

    Во рамките на Европската недела на спортот и Европската фудбалска недела членовите на Специјалната олимпијада се вратија на спортските терени. 60 атлети заедно со 40 тренери, волонтери, една недела се натпреваруваа, тренираат, а најмногу како што велат го славеа повторното заедничко дружење.

    „Лицата со интелектуална попреченост, исклучително сериозно страдаа за време на пандемијата со Ковид 19 и покрај вообичаената маргинализација која ја имаат од заедницата, пандемијата дополнително ги затвори и им ги скрати можностите за интеракција, образование, работа и живот. Ние за прв пат, имавме можност вистински да ја осознаеме нивната состојба и што е тоа ограничување, храброст и солидарност, па затоа со огромно задоволство им посакуваме добредојде назад на терените, за да можат да си го искусат повторно, спортот, образованието и активностите кои ги сакаат“, вели Драган Караџовски национален директор на Специјална олимпијада Македонија.

    Заедно со огромна помош на УЕФА, 30 национални фудбалски федерации и 30 фудбалски клубови се придружуваат со активностите како дел на Европската недела на спортот, на иницијатива на Европската комисија, која што се случува паралелно со Европската фудбалска недела.

    Специјална олимпијада Македонија во земјава е формирана во 2003 година под акредитација на Специјална олимпијада, која е основана од Јунис Кенеди Шрајвер во 1968 година и денес брои 6 милиони атлети и јунифајд партнери во 190 земји ширум светот. Под мотото „Дозволи ми да победам, а ако не можам, дозволи ми да бидам храбар во обидот“ организацијата во земјата ја остварува својата мисија, а тоа е да овозможи спортски натпревари и тренинзи во различни олимписки спортови за деца и возрасни со интелектуална попреченост, давајќи им постојани можности да ја развијат физичката кондиција, да покажат храброст, искусат радост и да учествуваат во споделување на вештини, знаења и пријателства со нивните семејства и останатите атлети на Специјална олимпијада и заедницата.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира