ИБРАХИМОВИЌ ЈА ЗАВРШИ ФУДБАЛСКАТА КАРИЕРА НА 41 ГОДИНА

    ИБРАХИМОВИЌ ЈА ЗАВРШИ ФУДБАЛСКАТА КАРИЕРА НА 41 ГОДИНАВо кариерата која почна во 1999, Ибрахимовиќ освои 34 трофеи (Фото: Гети

    Златан Ибрахимовиќ, еден од најживописните и најталентирани фудбалери на денешнината, објави дека ја завршил блескавата кариера откако Милан го одигра последниот меч оваа сезона.

    Му кажувам збогум на фудбалот, но не и на вас“, им се обрати Ибрахимовиќ на навивачите на „Сан Сиро“ по средбата со Верона.

    Четириесет и едногодишниот Ибрахимовиќ постигнаа 511 голови за клубови како ПСЖ, Манчестер јунајтед, Јувентус, Милан, Интер и Барселона и освои шампионски титули во четири земји. Во Милан се врати во 2020, но оваа сезона играше многу малку поради повреди.

    Во кариерата која почна уште во минатиот век во Малме, Ибрахимовиќ освои вкупно 34 трофеи и 11 пати беше номиниран за Златна топка. Сепак, тој никогаш не ја освоил Лигата на шампионите и единствениот европски трофеј го крена во 2017, кога Манчестер славеше во Лига Европа.

    Ибрахимовиќ е и најдобриот стрелец во историјата на шведската репрезентација со 62 гола на 122 натпревари.

    Порано бев уплашен кога новинарите ме прашуваа за мојата иднина, но сега можам да го прифатам тоа. Подготвен сум“, кажа Ибрахимовиќ, кој излезе од Шведска во 2001, кога се пресели во Ајакс.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира