ИБРАХИМОВИЌ ЗАИГРА ПО СЕДУМ МЕСЕЦИ И ПОСТАВИ РЕКОРД НА ЛИГАТА НА ШАМПИОНИТЕ

    ИБРАХИМОВИЌ ЗАИГРА ПО СЕДУМ МЕСЕЦИ И ПОСТАВИ РЕКОРД НА ЛИГАТА НА ШАМПИОНИТЕСе врати на терените побрзо од сите очекувања. - Златан Ибрахимовиќ (Фото: Ројтерс)

    Златан Ибрахимовиќ ги одигра првите минути, откако во април заработи тешка повреда на коленото, поради која многумина стравуваа дека кариерата му е завршена.

    Во стилот на неговите лични зборови дека „лавовите зацелуваат побрзо од луѓето“, Швеѓанецот повторно го облече дресот на Манчестер јунајтед во 74. минута од дуелот на Лигата на шампионите против Базел и веднаш постави нов рекорд.

    Со тоа, тој стана првиот фудбалер кој настапил со седум различни екипи во елитното европско клупско натпреварување.

    За него ова беше 120. натпревар во Лигата на шампионите, а претходните ги одигра за Ајакс (19), Јувентус (19), Интер (22), Барселона (10), Милан (16) и за Пари Сен-Жермен (33), но драгоцениот трофеј сѐ уште го нема освоено.

    Враќањето на Ибрахимовиќ е единственото нешто што може да го радува тренерот Мурињо од овој меч, имајќи предвид дека Јунајтед загуби со 1:0, примајќи гол во 89. минута.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира