Шпанското фудбалско првенство се прекинува на најмалку две недели откако Реал Мадрид објави дека неговите играчи одат во карантин.
Ваква одлука беше донесена откако играч на кошаркарскиот клуб Реал Мадрид, кој го дели истиот тренинг-центар со фудбалерите, имал позитивен тест на коронавирус. Реал во вторник треба да го игра реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите против Манчестер сити. Шпанскиот весник „Марка“ објави дека УЕФА планира да го прекине натпреварувањето во Лигата на шампионите и Лига Европа.
Клубот ги затвори сите простории во својот спортски центар.
Претходно, и играчите на Јувентус беа ставени во 14-дневен карантин откако бекот Даниеле Ругани имал позитивен тест на КОВИД-19.